Олеснување на шенгенскиот визен режим - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Олеснување на шенгенскиот визен режим PDF Печати Е-пошта

На 1 јануари 2008 година стапи во сила Спогодбите за визно олеснување за граѓаните на Република Македонија со цел да се олесни процедурата за добивање шенген виза за патување во земјите членки на ЕУ (т.н. Шенгенска зона). Придобивките што ги нуди Спогодбата, пред сè, се однесуваат на унифицирање такса за виза од 35 евра, изземање на визната такса за определени групи на апликанти и рок за одговор на апликацијата за виза од 10 дена од денот на поднесување на документите за апликација. Врз овие основи, патувањето низ 24 земји потписнички на Шенгенскиот договор треба да биде олеснето, вклучувајќи го добивањето виза за краток период со повеќе влегувања (т.н. multi-entry виза).

rbm202-ziБЦСДН е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија).

Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитети помеѓу организациите членки и останатите партнери во Југо Источна Европа (ЈИЕ). МЦМС раководи со Секретаријатот на мрежата.

Целта на овој проект беше да се подобри пристап на граѓаните до олеснет шенгенски визен режим.

Целна група беа сите граѓаните на Р. Македонија. Специфична целна група беа граѓаните кои спаѓаат во категорите за кои е олеснет визниот режим (студенти; учесници на научни, истражувачки, културни и уметнички настани; членови на ГО; новинари; спортисти; бизнисмени; шофери; блиски роднини; членови на железничка линија; членови на религиозни заедници; луѓе на медицинска посета; луѓе во посета на погреб; туристи).

Главните активности на проектот беа: набљудување, односно истражување; инфо линија (hotline) и презентирање на резултатите на работилница во Брисел. Наблудувањето се состоеше од анкетирање на апликанти за виза во одредени амбасади на земји членки од ЕУ, односно земји кои го применуват шенгенскиот визен режим и со тоа Спогодба меѓу Р. Македонија и ЕК за олеснувањето на истиот. Анкетата се базираше на методологијата и искуствата на истата активност на Батори Фондација во земјите на источна Европа. Анкета се спроведуваше со анкетари-волунтери пред амбасадите или конзулатите, лице во лице со апликантите. Беа анкетирани 774 граѓани севкупно, односно пропорционално разпоредени по амбасади, зависно од бројот на поднесени апликации. Истотака анкетите беа испратени до релевантни организации, пр. Сојуз на новинари, ГО сутденти итн. Анкетирањето се одвиваше во 2-3 недели во месец јуни.

Инфо линијата (hotline) служеше за споделување на позитивни/негативни искуства на спроведувањето на олеснетиот визен режим и информации во врска со тој. Таа функционираше преку волунтери стационирани во МЦМС, кои даваа информации во одреден период на денот. Инфо линијата се состоеше од телефонска линија, отоврена интернет подстраница и е-поштенска адреса на која граѓаните можеа да се обратат. Со цел со ова услуга да се запознат што повеќе граѓани, инфо линијата започна со прес конференција за медиуми и  промоција на истата (преку постери, лифлети ). Инфо линијата беше отворена од месец јуни до вклучно септември, со што најголем интерес имаше во првиот месец. На инфо-линија беа примени 105 повици на граѓаните, од кои 55 беа барања за информации, 6 пофалби и 44 поплаки. Беше подготвен и презентиран извештај со анализа на проблемите и препораките за подобрување на состојбата. Извештај, тековен и конечен е објавен на интернет страна на проектот www.vizainfo.org.mk.

Последна акитвност беше презентација на резултатите од анкетата и инфо-линија на заедничка конференција на 10. декември во Брисел заедно со партнерски организации од земјите на Западен Балкан кои спроведуваа истите активности во нивни земји и организација ЕЦАС од Брисел. На конференција присуствуваа околу 140 претставници на ГО, медиуми, амбасади од земјите на Западен Балкан и Европска Комисија.

Соработка

Во рамките на проектот имаше редовна координација со ЕЦАС и регионалните партнери. Беше воспоставенаразмена на информации и исксутвата  со други организации што работата во ова поле (на пример ЕСИ, ЦРПМ), како и Делегација на ЕК, амбасади и конзулати на земји членки (презентација на проект на 25.09.), Министерство за надворешни работи и Сорбранието (презентација на резултати на јавна расправа на Комисија за европски прашања на 05.12.).

Беше воспоставена и добра соработка со медиуми со цел да може да се информира јавноста за инфо линија и проектот и исходот од истите. Отворање на инфо-линија на 10.06. беше попратено со прес-конференција, а првични резултати од истата беа објавени во прес-соопштение. Прес покривање имаше во 6 весници (12 прилози)  публикуваа информации за инфо линијата (Дневник, Утрински, Вечер, Шпиц, Вест, и Време), неколку национални и локални телевизиски станици (Канал 5, Ал сат-М, Алфа, Телма, МТВ1, А1, Сител) и радио станици како Канал 77, Дојче веле (ДВ), и Антена 5

Организација на проектот

МЦМС имаше одговорност за спроведувањето на сите проектни активности во Макеоднија. Проектот  стана дел од програмата за работа на РБМ за 2008 година во април 2008, откако се воспостави потреба за набљудување на олеснет визен режим. За проектот беше одоговрен соработник на проекти на програмата РБМ.

Известување, набљудување и оценување

Напредокот на овој проект беше набљудуван преку редовни состаноци на  проектниот тим составен од раководител и соработник на проект, и по потреба (втора активност) беше вклучен и соработник за односи со јавноста. Одговорен сорсботник беше Зденка Виденова, додека за раководење на проектот беше задолжена Тања Хафнер Адеми. Како соработник за односи со јавноста беше вклучена Гонце Јаколевска. Раководителот на Одделението за крос-секторски и меѓународни програми директно ја следеше изведбата на проектот.

Немаше спроведено посебна оценка на квалитети и релевантноста. Голем интерес од страна на граѓаните (преку повици на инфо-линија), медиумска покриеност на проектот и презентација на проектот на разлижни дебати се елементи што укажуваат на квалитетот и релевантноста на проектот.

Последователни активности

На завршна конференција партнерите се договорија за продолжување на соработка на ова тема, но со фокус на визна либерализација. Во текот се подготовки на заеднички предлог проект. Предложена активност е студија на миграциски текови од земјите на Западен Балкан во ЕУ, кои се сметат како еден од главните аргументи против визната либерализација.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Олеснување на шенгенскиот визен режим