Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јуни 2008 01:00

Преку специјална инфо-линија граѓаните од денеска ќе може да се информираат за своите права од новиот договор за олеснување на визниот режим, но и да ги кажат своите искуства од барањето виза. Линијата е дел од проектот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за набљудување на визното олеснување во Македонија.

Прашањата, но и искуствата граѓаните ќе може да ги пријавуваат на телефонскиот број 3065381 или на имејл адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , која ќе биде отворена до септември. Целта е да провериме како се спроведува Спогодбата за олеснување на визниот режим со земјите-членки на ЕУ, која овозможува олеснет пристап на повеќе групи категории граѓани и сакаме да провериме дали целта за која е воспоставена се реализира. Според проценките на Унијата, од Спогодбата придобивки треба да имаат 80 отсто од граѓаните - изјави заменик-директорот на МЦМС, Александар Кржаловски.Проектот се спроведува во исто време и во Албанија, БиХ, Црна Гора и во Србија. МЦМС во почетокот на месецов почна анкета со граѓаните што бараат виза во амбасадите на Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција. Се очекува да бидат направени 751 разговор за да има репрезентативен примерок и да се согледаат клучните проблеми.

 

Извор: Дневник (11.Јуни.2008)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим