Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим PDF Print E-mail
Wednesday, 11 June 2008 01:00

Преку специјална инфо-линија граѓаните од денеска ќе може да се информираат за своите права од новиот договор за олеснување на визниот режим, но и да ги кажат своите искуства од барањето виза. Линијата е дел од проектот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за набљудување на визното олеснување во Македонија.

Прашањата, но и искуствата граѓаните ќе може да ги пријавуваат на телефонскиот број 3065381 или на имејл адресата This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , која ќе биде отворена до септември. Целта е да провериме како се спроведува Спогодбата за олеснување на визниот режим со земјите-членки на ЕУ, која овозможува олеснет пристап на повеќе групи категории граѓани и сакаме да провериме дали целта за која е воспоставена се реализира. Според проценките на Унијата, од Спогодбата придобивки треба да имаат 80 отсто од граѓаните - изјави заменик-директорот на МЦМС, Александар Кржаловски.Проектот се спроведува во исто време и во Албанија, БиХ, Црна Гора и во Србија. МЦМС во почетокот на месецов почна анкета со граѓаните што бараат виза во амбасадите на Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција. Се очекува да бидат направени 751 разговор за да има репрезентативен примерок и да се согледаат клучните проблеми.

 

Извор: Дневник (11.Јуни.2008)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим