Понеделник, 08 мај 2006 01:00 |
Повеќе од половина граѓани во земјава немаат никаква доверба во политичките партии, покажала најновата анкета на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања. Така се изјасниле дури 50,7 отсто од испитаниците, а само 3,3 отсто одговориле дека имаат голема доверба во политичките партии. Мала доверба имале 27 отсто од прашаните граѓани, а делумна 18,8 отсто.
|
Среда, 22 Февруари 2006 01:00 |
Крушопек, последното село во општината Сарај што немаше водоводна мрежа, во август ќе се приклучи кон градскиот водовод, откако вчера градоначалникот Имер Селмани потпиша договор со американската агенција УСАИД и со МЦМС за заеднички да го градат 7,5-километарскиот водоснабдувачки систем. Целиот проект ќе чини околу 280.000 американски долари. Општината, заедно со самопридонесот од граѓаните, обезбедила нешто повеќе од 80.000 долари, а по околу 100.000 долари ќе дадат УСАИД и МЦМС. Изградбата на мрежата, според Селмани, треба да почне кон крајот на март, а да заврши кон крајот на јули.
|
Вторник, 27 декември 2005 01:00 |
За успешно интегрирање на ромските ученици во училиштата, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, почна со реализација на проектот "Двојазични училишни материјали".
|
Недела, 11 декември 2005 01:00 |
Кој кому се додворува? Колку невладини организации, толку политичари на НВО-саемот. Меѓу невладините се прошетаа Претседателот, Премиерот, министри и локални политичари.
|
Сабота, 10 декември 2005 01:00 |
Кавадаречко вино, гостиварска баклава, валандовска алва, јаболка, сирење и пиперки се служеа вчера на штандовите на општините, на првиот ден од саемот „ЗЕЛС Експо 2005“, посветен на резултатите и предизвиците од децентрализацијата на власта.
|
|
|
|
|
Страна 36 од 45 |