Валентина Величковска |
Валентина Величковска, Соработник на проект Валентина Атанасовска е родена на 22.02.1976 година во Крива Паланка. Во 1999 година дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањата „Професор по англиски јазик и книжевност“ и Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувач. Во 2002 ги продолжува студиите на Универзитетот во Чикаго (Northeastern Illinois University), САД каде магистрира деловна администрација. За време на постдипломските студии работи како асистент на факултетот во областа на истражување и статистика. Во текот на четиринаесетгодишното искуство (2003-2017) работи на проекти финансирани од странски донатори (Европска Унија и Светска банка) што и овозможува да се стекне со знаења и вештини за спроведување проекти во низа области како е граѓанското општество, политиките за вработување, социјалната и здравствената заштита и децентрализацијата. Во периодот 2009-2017 работи на регионалниот ЕУ проект „Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО” финансиран од Европската комисија. Во МЦМС доаѓа во февруари 2018 година на позицијата координатор на програмата Национален ресурсен центар за граѓански организации. |