Силна соработка за силно граѓанско општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Силна соработка за силно граѓанско општество PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 септември 2024 13:29

Цивика мобилитас ја организираше првата средба на дел од нејзините грантисти со Амбасадорката на Швајцарија.

Покрај претставувањето на поддржаните проекти, целта на состанокот беше и поттикнување на дијалогот за предизвиците, зајакнување на соработката и испитување на синергијата со другите проекти поддржани од Швајцарија со што би се зголемило влијанието и поддршката.

MCMS1505

 „Го поддржуваме и активно работиме на подобрување на граѓанското општество речиси 20 години“, рече Амбасадорката Хулман и додаде дека граѓанските организации треба да се наметнат како актери на доброто управување преку застапување за транспарентност, отчетност и партиципација на граѓаните.

Претставниците на граѓанските организации зборуваа за нивните тековни проекти, ги споделија нивните постигнувања и ја нагласија потребата  од зголемена соработка  со државните институции. Тие се осврнаа и на активностите кои се спроведуваат на локално ниво, на отчетноста на политичките партии, можностите за дигитализација, на спроведувањето на веќе донесените закони, особено користењето на информациите за вистински сопственици итн.

MCMS1537

На состанокот учествуваа претставници на четири конзорциуми кои работат на доброто управување и борбата против корупцијата и на образованието, односно претставници на организациите: Форум за разумни политики, Балканскиот институт за регионална соработка, Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници на Република Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21, Фајнанс тинк и Маекдонкиот ценатр за граѓанско образование.

Средбата се одржа на 24 септември 2024 година во просториите на МЦМС. Амбасадорката Хулман во следниот период ќе се сретне и со другите грантисти на тематските одвони средби.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Силна соработка за силно граѓанско општество