Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 септември 2024 14:18

Во периодот од 20 до 25 септември 2024 година, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар организираше четири информативни сесии во Гостивар, Штип, Битола и Скопје за Повикот за Акциски грантови за локални иницијативи.

IMG 20240924 120055 MCMS

На овие информативни сесии над 80 заинтересирани претставници на граѓанските организации се информираа за условите на повикот.

Од страна на тимот на Граѓанскиот ресурсен центар беше истакнато дека целта на овој повик е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Овој повик ќе поддржи иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, на пример, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

20240920 205739 MCMS

Покрај целта, на информативните сесии детално беа објаснети условите на повикот,  критериумите за подобност, како и форматите и начинот на аплицирање. 

Најчесто поставуваните прашања на овие информативни сесии беа поврзани со сличностите и разликите на критериумите кои треба да ги исполнуваат носителот на апликацијата и ко-апликантот, начинот на пополнување на формуларот за аплицирање и неговите прилози, како и прашања поврзани со петте онлајн обуки на ГРЦ Академијата, како еден од задолжителните критериуми за подобност на овој повик.

Поставените прашања и одговори од информативните сесии, како и оние поставени на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ќе бидат објавени на веб страницата www.rcgo.mk не подоцна од 15 октомври 2024 година.

Крајниот рок за поставување прашања на е-маил адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите поврзани со повикот е 10 октомври 2024 г. до 17:00 часот.

IMG 20240925 122117 MCMS

Сите заинтересирани за повикот за акциски грантови за локални иницијативи, своите апликации треба да ги достават најдоцна до 30 октомври 2024 година,  до 17:00 часот, исклучиво на следнава е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Информативните сесии беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи