Вкупно 25 проекти и буџет од 175 милиони денари во 2017 година - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вкупно 25 проекти и буџет од 175 милиони денари во 2017 година PDF Print E-mail
Tuesday, 26 June 2018 15:03

Советот на МЦМС на 25 јуни 2018 година ја одржа третата редовна седница на која беше усвоен Извештајот за работа на МЦМС за 2017 година со Финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор.

Vkupno 25 proekti i budzhet od 175 milioni denari vo 2017 godina

„МЦМС во 2017 г. реализираше 25 проекти, а вкупниот реализиран буџет изнесуваше 175 милиони денари“, рече Гонце Јаковлеска, извршен директор на МЦМС. Таа ги презентираше клучните проектни постигнувања на МЦМС. „Годината ја завршивме со буџет од околу 2,8 милиони евра или речиси на истото ниво со претходната година“, рече Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС во презентацијата на Финансискиот извештај. Тој исто така нагласи, дека и оваа година, МЦМС доби „чисто“ мислење од ревизорите, без забелешки на водењето на финансиите. 

Членовите на Советот се интересираа за практиките на МЦМС при подготовката на пријавите за повиците на донаторите, за начините на обезбедување на кофинансирање, за проектите поддржани од приватни компании и можноста да се популаризираат во иднина. 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Вкупно 25 проекти и буџет од 175 милиони денари во 2017 година