Calendar - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Calendar PDF Print E-mail

Теми:

Пристап до ЕУ фондови и  подготовка на апликации“ со Тања Хафнер Адеми

Имате тешкотии за подготовка на апликации и совладување на ЕУ процедурите? Обуката „Пристап до ЕУ фондови и подготовка на апликации“ ќе ви овозможи да ги совладате тешкотиите и полесно да одговорите на барањата на ЕУ процедурите.

Обуката е во времетраење од 24 часа и ќе се спроведува во периодот 11-13 јуни во Охрид.

 

Односи со јавноста“ со Гонце Јаковлеска

Како да го изградите имиџот на вашата организација? Обука за односи со јавноста ќе ги подобри вашите вештини, ќе ја олесни вашата комуникација со јавноста.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 7-10 јули во Охрид/Скопје.

 

Стратегија за успех“ со Фатмир Битиќи

Дали имате визија за вашата организација после неколку години? Утврдете ги критичните прашања, дефинирајте ја визијата и поставете реални и мерливи цели.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 30 септември – 3 октомври во Охрид.

 

Раководење и развој на човечки ресурси“ со Сунчица Саздовска

Дали човечките ресурси ангажирани во организацијата се соодветни? Подобрете го вашиот систем за човечки ресурси и почувствувајте ги придобивките од него.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 28-31 октомври во Охрид.

 

Пријавување:

Преземете ја и пополнете ја пријавата за обуката или подигнете ја во седиштето на МЦМС (ул. Никола Парапунов, бб).
Пополнетата пријавата испратете ја на адреса МЦМС, поштенски фах 55, 1060 Скопје или на факс: 02/3065 298 или на  e-mail адресата: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .
За повеќе информации побарајте го Кренар Кука.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Consultations and Training Calendar