Четири училишта летово ќе добијат нови детски игралишта |
Thursday, 29 August 2019 00:00 | |||
МЦМС и ова лето ќе ги подобри условите во основните училишта во заедници во кои се одгледува тутун. Овој пат модернизацијата ќе опфати изградба на детски игралишта во „Рампо Левката“ во Прилеп; во подрачното училиште „Никола Карев“ во с. Алданци, општина Крушево; во „Ѓорче Петров“ во с.Ропотово, општина Долнени; како и во подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во с. Сопотница, општина Демир Хисар. Со поставување на овие игралишта, учениците како и останатите жители на овие населени места на располагање ќе имаат најразлични реквизити како: нишалки, клацкалки, играчки на федер, тобогани, кули, динамички мостови и вртелешки. Се очекува нивната изградба да заврши најдоцна до октомври 2019 година. Буџетот изнесува речиси 2.5 милиони денари и истиот е донација од Сокотаб. Од 2007 година МЦМС значително придонесува кон развојот на средините во кои се одгледува тутун преку подобрување на условите во училиштата. Досега реализирани се повеќе проекти во 16 различни училишта, со што над 5000 ученици и над 650 наставници учат и работат во здрава, функционална и модерна средина.
|