Советот го усвои среднорочниот Деловен план |
Sunday, 02 December 2012 00:00 | |||
На седмата седница на Советот на МЦМС одржана на 1 декември 2012 година беше донесен новиот среднорочен Деловен план на МЦМС 2012-2016. Нема измени во визијата и мисијата во новиот среднорочен план. Состојбата кон која тежнее организацијата се уште е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. Што се однесува до мисијата, МЦМС и понатаму ќе ги поттикнува промените со нови алтернативни решенија за општествените проблеми. Мисијата ќе се остварува преку долгорочните цели: социјална кохезија и намалување на сиромаштијата; одржлив локален и рурален развој; добро владеење и политики насочени од и кон луѓето; вкоренето и динамично граѓанско општество; прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог; поддршка на евроинтеграцискиот процес и зајакната регионална соработка; МЦМС – независна организација со кредибилитет и МЦМС – атрактивна организација која учи, со локални корени и глобален поглед. На донесувањето на Деловниот план му претходеше процес на консултации со целните групи, со членовите на органите и со вработените на МЦМС.
|