Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Извештај за состојбата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Извештај за состојбата PDF Печати Е-пошта

Автор: Македонски центар за меѓународна соработка
Дата: март 2017
ISBN:  978-608-4681-83-0
PDF MK: dosegasni-ostvaruvanja-na-dksk.pdf
PDF MK: matrica-na-indikatori-dksk.pdf
PDF EN: executive-summary-of-the-baseline-report-of-scpc.pdf
PDF SQ: ndjekja-e-punës-së-komisionit-shtetëror-për-pengimin-e-korrupsionit-raport-për-gjendjen.pdf

dosegasni-ostvaruvanja-na-dkskИзвештајот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Извештај за состојбата“ дава сумарен осврт на статусот, капацитетите и законските надлежности на ДКСК, за претходните десет години од функционирањето. Целта на овие изданија е граѓаните и другите засегнати страни редовно да добиваат сеопфатни информации за резултатите од работењето на ДКСК. За самата ДКСК придобивка од надворешното следење е да добие независна оценка за своето работење. Преку заклучоците во секој извештај, ДКСК ќе има можност да ги потврди постигнатите добри резултати, а да се подобрува тамо каде е воочено потфрлување во остварувањата.

Методологијата која беше применета за овој извештај се заснова на позитивните искуства во следењето на работењето на антикорупциските институции од страна на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија и на искуството на МЦМС во следењето на отвореноста на институциите. Методологијата која се применува во извештаите се заснова на матрица на индикаторите подготвена во соработка со ЦИД.

Три групи на индикатори кои се следат во овој извештај се:

  1. Индикатори на перформансите (ИП) - даваат одговор дали и колку ДКСК ги исполнува надлежностите коишто ѝ се дадени со Законот за спречување корупција, со Законот за спречување судир на интереси и со Законот за заштита на укажувачите;
  2. Индикатори на транспарентноста (ИТ) - даваат одговор на достапност и пристапност на информациите поврзани со работата на ДКСК до јавноста;
  3. Индикатори на отчетноста (ИО) - даваат одговор за степенот на остварување на таканаречената вертикална отчетност пред институциите пред кои одговара и хоризонтална отчетност кон сите други засегнати страни пред  кои нема формална одговорност (други институции, граѓанскиот сектор, граѓаните, медиумите, бизнис-заедницата итн.);

Во овој извештај е опфатено следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 2006 г. до 2015 г. Резултатите од овој период треба да дадат увид во досегашните ефекти од работењето на ДКСК, коишто ќе служат како препорачливи вредности за споредба на резултатите од следење на работењето за времетраењето на проектот.

Подготовката на оваа публикација e во рамките на проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста“, поддржан од Британска амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа публикација се на авторите.

sledenje na rabotata dksk 2006 2015

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Награди и признанија Национални