Јакнење на дијалогот преку ОРД - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на дијалогот преку ОРД PDF Печати Е-пошта

Република Македонија е мултиетничко и мултиконфесиално општество (64% од популацијата се Македонци,  25% Албанци, 4% Турци, 3% Роми, 2% Срби, 1% Бошњаци, 0,5% Власи и 0,5% останати) и од воспоставувањето на независноста има направено напредок во однос на малцинските права.

Во 2001 година во Македонија се случи вооружен конфликт помеѓу владините без-бед¬носни сили (армијата и полицијата) и вооружени групи на етничките албанци (организи-рани во таканаречената Ослободителна национална армија – ОНА), кој беше надминат со Охридскиот рамковен договор (ОРД). Целта на ОРД е промоција на мирен и хармоничен развој на граѓанско општество, почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на Македонија. Спроведувањето на ОРД вклучува неколку клучни елементи, како: децентрализацијата, правична и пропорционална застапеност, заштита на културата и идентитетот на заедниците, како и воспоствување на посебни законски процедури, како што се Бадентеровиот принцип за законите кои ги засегаат културата и идентитетот на заедниците и воспоставување на посебни Комисии за односи помеѓу заедниците. Во самата цел на ОРД е нагласено дека договорот ги штити интересите на сите нејзини граѓани. Сепак и по речиси девет години од потпиувањето на договорот, заедниците кои бројат помалку од 20% од населението (Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи) во Македонија исакнуваат дека се незадоволни од брзината на реализацијата на нивните права, како и дека политичката моќ на нивните претставници е мала. Со цел да се испита состојбата на овие заедници беше креиран овој проект. 

Општа цел на проектот е да се зајакне дијалогот помеѓу сите етнички заедници во Македонија, со фокус на прашањата кои ги засегаат немнозинските заедници во духот и контестот на ЕУ интеграциите, преку воспоставување на мрежи на комуникција помеѓу немнозинските зедници, граѓанскиот сектор, централните и локални власти и меѓународните фактори. Специфични цели на проектот се:

  • да се анализира имплементацијата на Охридскиот рамковен договор (ОРД) и неговите ефекти во однос на градењето на довербата и дијалогот помеѓу етничките заедници и да се предложат мерки за подобрување во сегментите каде има недостатоци;
  • да се оцени состојбата на немнозинските заедници во политичките и развојните процеси на локално и централно ниво, да се предложат мерки за промовирање и заштита на правата на немнозинските заедници и подобрување на нивната интеграција. 

Примарна целна група се владините институции воспоставени за заштита на правата на заедниците на национално и локално ниво (Секретаријатот за имплементација на Охрид-скиот рамковен договор (СИОФА); Националниот комитет за односи помеѓу заедниците; локалните комисии за односи помеѓу заедниците, граѓанските организации активни на полето на малцинските права и меѓународните организации. Покрај нив, целна група се и претставници на политичките партии застапени во Собранието, локалните власти (градона-чалниците и советниците), медиумите итн.

Преку проектот ќе биде направена анализа на степенот на ефектите на ОРД,особено во однос на градењето на доверба помеѓу сите етнички заедници во Македонија, со фокус на немнозинските заедници под 20%, нормативните акти донесени за заштита на правата на заедниците, степенот на спроведување на правичната и застапеност на локално и централ-но ниво, улогата на институциите задолжени за заштита на правата на заедниците и нивните релации со граѓанскиот сектор, како и степенот на меѓуетничка доверба помеѓу различни етнички групи. Покрај интервјуа со релевантни актери ќе биде спроведена и анкета со репрезентативен примерок во селектирани општини. Наодите ќе бидат основа за поната-мошни дискусии со релевантните актери и преземање мерки за подобрување на состојбите.

Покрај истражувањето, во рамките на овој проект МЦМС ќе организира две тркалезни маси. Првата тркалезна маса под наслов Зачувување на културната разноличност, ќе биде реализирана за околу 15 претставници на граѓанските организации чијшто фокус е зачуву-вањето на културниот идентитет на нивните заедници. Покрај нив, на настанот ќе бидат поканети и граѓани кои припаѓаат на овие заедници. На тркалезната маса ќе бидат согледа-ни потребите на овие организации и нивните заедници (од социолошки, културен и економ-ски аспект).

Втората тркалезна маса под наслов Спроведувањето на ОРД и улогата на немнозин-ските заедници во интегративните процеси е наменета за околу 20 претставници на СИОФА, Националниот комитет за односи помеѓу заедниците; Агенцијата за заштита на немнозинските заедници под 20% и граѓанските организации активни на полето на малцинските права и превенцијата од конфликти. На оваа тркалезна маса ќе бидат дискутирани наодите од истражувањето, како и мерките кои треба да се покренат за да се подобри состојбата на немнозинските заедници. Наодите од тркалезната маса ќе бидат дел од извештајот. Кон крајот на проектот во соработка со АДИ ќе биде организирана конференција на која ќе биде промовиран извештајот. 

Директни корисници од проектот за делот кој го спроведува МЦМС (две тркалезни маси) и националната конференција во соработка со АДИ се:

  • 15-20 претставници на првата тркалезна маса на 5-7 граѓански организации активни на полето на заштита на културата и идентитетот на своите заедници;
  • 20 претставници на втората тркалзна маса од СИОФА, Националниот комитет за односи помеѓу заедниците; Агенцијата за заштита на немнозинските заедници;
  • Преку 70 претставници на националната конференција која ќе се реализира во соработка со АДИ и на која се очекува учество на локалната и централната власт, претставници на меѓународни организации (ЕУ, УНДП, ОБСЕ), како и на претставници од граѓанскиот сектор.  

Очекувани резултати од проектот се: зајакнати капацитети на националниот комитет за односи помеѓу заедниците; агенцијата за заштита на немнозински заедници и локалните комисии за односи помеѓу заедниците во однос на нивната улога во градењето на довер-бата, подобрена соработка на граѓанскиот сектор со релевантните актери на ова поле, подобрен статус и заштита на правата на немноинските заедници, вклучувајќи ги и нивните граѓански организации.     
Периодот на спроведување е 1 јануари - 15 октомври 2010 г.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резул-тати се дека: постои подготвеност од локалните и централните власти да учествуваат во сите фази на проектот; дека претставниците на другите релевантни граѓански организации и претставниците на немнозинските заедници имаат желба да учествуваат во проектот; дека кај граѓанските организации кои се активни на ова поле постои интерес за формирање на мрежа преку која би ги адресирале проблемите на немнозинсктие заедници.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со АДИ. МЦМС во консултации со вклучената организација е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. Проектот е сложен и вклучува хетерогени корисници, односно претставници од сите сектори во општеството.

Вкупните трошоци на овој проект се 1.400.000 МКД, од кои АДИ учествува со 1.230.000 МКД, а придонесот на МЦМС изнесува 170.000 МКД и е наменет за организација на тркалезните маси на локално ниво.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми