Градење капацитети за ЕУ – финансирање - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за ЕУ – финансирање PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот беше развиени организациски и институционални капацитети на ГО и другите актери на граѓанското општество.  Целта на проектот беше да се зајакнат капацитети на ГО за финансирање од фондовите на ЕУ.

Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, здруженијата на граѓани и сите други актери на граѓанското општество. Целното подрачје беше Република Македонија и Косово. Проектот се спроведе во Скопје, Велес, Приштина, Призрен, Гнилање, Пеќ и Митровица.

Со проектот се постигна следниот резултат: Обучен 201 претставник на ГО, како и на другите актери на граѓанското општество. Проектот се спроведе преку испорака на следните скроени обуки и консултации за подготовка на проекти за фондовите на ЕУ:

  • Косовската фондација за развој на граѓанското општество (КЦСДФ) го ангажираше МЦМС за испорака на обуки за косовските ГО за подготовка на предлог-проекти за Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). За КЦСДФ беа испорачани вкупно 8 обуки за локални граѓански организации, од кои 5 обуки беа на албански јазик и 3 на српски јазик. Обуките се одржаа во Приштина, Призрен, Гнилање, Пеќ и Митровица. Учествуваа вкупно 175 учесници.
  • Општина Велес го ангажираше МЦМС да испорча обука за запознавање со можностите за финансирање од ЕУ. Обуката беше спроведена од 22 до 23 април 2009 г. во Велес. Учествуваа вкупно 15 учесници кои добија основни информации за ИПА и Програмите на заедниците, ги совладаа основните вештини за подготовка на проект за ЕУ, а се запознаа и со дел на административно-техничките услови. 
  • Косовската агенција за застапување и развој (КААД) го ангажираше МЦМС за испорака на обука за подготовка на апликации за фондовите на ЕУ и за консултации за подготовка на апликација за ЕИДХР. Обуката беше спроведена од 31 март до 27 април 2009 г. во Скопје, додека консултациите се спроведоа во Скопје и во Приштина.

Проектот се спроведе во периодот 15 март – 15 декември 2009 г.

Претпоставката дека ГО се заинтересирани за развој на вештините и знаењата за пристап до фондовите на ЕУ се оствари во целост.

МЦМС го координираше и набљудуваше спроведувањето на проектот. Проектот е финансиран од нарачателите на услугите: КЦСДФ, КААД и општина Велес. Буџетот изнесува 122.810 денари.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми