Размена на знаења за други религии (2007) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Размена на знаења за други религии (2007) PDF Печати Е-пошта

Овој проект е дел од програмата МСМ, која започна да се спроведува во 2003 година. Со проектот беше планирано да се оствари поинтензивна соработка помеѓу студентите од теолошките факултети, но бидејќи Исламската верска заедница одлучи да ги суспендира сите активности од програмата МСМ додека не се реши тековниот спор со МЦМС, во активностите до крајот на проектот не беше вклучен Факултетот за исламски науки (ФИН). Сепак, активностите продолжија да се спроведуваат со зголемено учество на студентите од Православниот богословски факултет (ПБФ) и со претставници од другите верски заедници (КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ).
Цел на програмата е да се збогати меѓусебната соработка помеѓу верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Проектот имаше за цел да го зголеми знаењето и разбирањето кај студентите од теолошките факултети и членовите на верските заедници за нивните колеги од други (религии/конфесии/вери) институции.

Целна група беа студентите/професорите од теолошките училишта и членовите на верските заедници.

Размената на знаења за другите религии опфаќаше најразлични активности кои се состоеа од: разменски предавања, посети на теолошки училишта, посети на верски објекти и меѓуверски летен камп.

Со проектот беа планирани 8 разменски предавања, а реализирани се 9. Првично на ПБФ беа испланирани четири предавања (останатите 4 беа планирани да се реализираат на ФИН), но заради настанатата ситуација и зголемениот интерес на другите верски заедници, по реализацијата првите четири предавања, беа испланирани и реализирани уште 5 други. Три од нив се реализираа во рамките на ПБФ, а другите две во КЦ и ЕМЦ.

Новина е тоа што за првпат во рамките на програмата МСМ предавања се одржани пред верници на КЦ и ЕМЦ од претставник на друга религија. Имено, на 09 и 10.12.2007 д-р Ратомир Гроздановски одржа предавање пред верниците од КЦ и пред верниците од ЕМЦ.

Во рамките на проектот беа планирани и две разменски посети на теолошките училишта. Наместо 2 посети на теолошки факултети, заради неучеството на ФИН во активностите, беше реализирана само една посета на ПБФ од страна на студентите од Филозофскиот факултет. Од планираните 6, реализирани се вкупно 5 посети на верски објекти. На регионално ниво посетени се верски објекти од Кумановскиот, Охридскиот и Велешкиот регион, а учесници на посетите беа претставници од ПБФ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ, додека пак на меѓународно ниво остварени се посети на верски објекти во Турција и Албанија. Меѓуверскиот летен камп се одржа од 31.05.2007 до 03.06.2007 година. На кампот учествуваа претставници од ПБФ, КЦ и ЕМЦ. Свои предавања на кампот имаа Ина Мерџанова од Софискиот универзитет и Патрис Бодеур од Универзитетот во Монтреал.

Оваа активност резултираше со зголемен интерес од студентите и верниците од различните верски заедници. Проектот овозможи претставниците на верските заедници да се стекнат со практични и теоретски знаења за другите религии и да воспостават взаемни контакти и соработка.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми