Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Во поглед на прашањата за толеранција и недискриминација, Македонија се соочува со голем недостиг на толеранција. Може да се каже дека ова е причинско-последичен однос помеѓу неефективна држава (недостаток од владеење на право, корупција, неефикасност на државата и високо централизирана држава) и ниско ниво на јавна доверба и јавен дух.
Нетолеранцијата е особено видлива и раширена кон неколку групи, меѓу кои и Ромите.

Битен факт е тоа што дури ни луѓето што се жртви на индиректна дискриминација, вознемирување или друга форма на нееднаков третман, понекогаш не се свесни за тоа. Од една страна, ова е резултат на немање самодоверба, а од друга страна ова се должи на тоа што недостигаат информации и нема свест за правата на еднаков третман.

Од друга страна, цел на образовната политика на секоја земја е да обезбеди еднаква можност за стекнување соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да обезбеди дека истите поседуваат знаење, вештини и ставови кои се во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот. Затоа, образованието мора да биде достапно за секого, без оглед на неговата возраст, пол, религиозна определба, етничка припадност, здравствена состојба, социјална и финансиска положба.

Општа цел на проектот е придонес кон развивање на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе во Република Македонија.

Цел на проектот е Придонес кон јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“ и нејзините механизми за застапување и лобирање за недискриминација и еднакви можности на Ромите во областа на образованието, како и за остварување на нивните човекови права и слободи.

Целна група на проектот се Ромите во Р.Македонија.

Директни корисници се мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“, како и Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права, формирани во рамките на оваа мрежа.

Целно подрачје е Република Македонија.

Очекувани резултати на проектот се:

Функционирање на Лоби групата за образование на Ромите и Лоби групата за човекови права;
Видливост на Лоби групата за обазование на Ромите и Лоби групата за човекови права во јавноста и јавните институции и
Зајакнат институционален капацитет на мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“.

За реализација на целите на проектот, предвидени се следниве активности:

одржување на редовни месечни работни средби на Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите;
одржување на 3 (три) прес конференции и еден медиумски настан;
редовни месечни лоби средби и тематски лоби настани на членовите на Лоби групата со јавните и државни институции од областа на образованието, локална самоуправа, граѓански сектор и други актери релевантни за оваа проблематика, и
издавање на 3 (три) броја на Билтен со тематски извештаи на Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права, кои ќе бидат дистрибуирани до релевантни актери од областа на образованието и човековите права на Ромите во Македонија.

За да може успешно да функционираат Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите, неопходно е јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“, во рамките на која се формирани и функционираат оваие лоби групи. За тоа, во рамките на овој проект е планирано:

интернет презентација и редовно одржување на веб страната на мрежата “Рома 2002“;
редовни работни средби на Управниот одбор на мрежата “Рома 2002“;
Годишно Собрание на мрежата “Рома 2002“ како и
Организациска поддршка за канцеларијата (ревизија, сметководствени услуги, транспорт, канцелариски материјали и сл.)

Временски период на спроведување е 01 април - 31 декември 2008 г.

Финансискиот план на проектот изнесува 1. 829.890,00 МКД.

 

Завршен извештај од проектот.

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми