Реновирање на основно училиште во село Долно Количани - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на основно училиште во село Долно Количани - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Во текот на месец октомври 2006, Сокотаб Франа СА од Швајцарија воспостави контакт со МЦМС со цел соработка за реализација на проект за реновирање на основни училишта во Република Македонија. После првичните консултации, на 25 октомври 2006 Сокотаб достави свој предлог за реновирање на санитарните јазли во две основни училишта: ОУ Јордан Константинов-Џинот, с.Долно Количани-општина Студеничани (скопско) и ОУ Брака Миладиновци, с.Добрушево - општина Могила (битолско).

pmo102Селото Долно Количани е ридско и се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, на територијата на општина Студеничани. Во селото живеат 1,510 жители во 340 домаќинства.

Училиштето е изградено во 1934 година, а во 1972 истото е доградено и делумно реновирано. Санитарните чворови кои се користат во моментов се сместени во објект изграден во 1998 година. Овој објект е лоциран во непосредна близина, оддалечен околу 40 метри од училишната зграда.

Во моментов состојбата со санитарните чворови во училиштето е лоша. Клучен проблем е тоа што во нив нема вода заради што хигинеските услови се лоши. Кабините во објектот се одвоени посебно за машки и посебно за женски, но внатрешноста на објектот (плочки, кабини, ВЦ шољи, лавабоа, прозори, врати, струја) не се во согласност со минимум потребните стандарди за ваков вид на објект.
Општа цел на проектот е подобрени хигинески и хигиенско/санитарните услови за учениците и персоналот во основното училиште.

Цел на проектот е условите во санитарниот јазол во основното училиште Јордан Константинов-Џинот се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината на училиштето.

Очекуван резултат од проектот е реновиран/изграден нов санитарен јазол во ОУ Јордан Константинов-Џинот, поврзан на локалниот водоводен систем.

Целна група на проектот се ученици од основно училиште. Директни корисници се 272 ученици и 21 воспитно образовен кадар.

Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во село Долно Количани, општина Студеничани (Скопски регион).

Активности преку кои ќе се постигне овој резултат се: Подготовка и спроведување на тендер за избор на проектант; Изработка на техничка документација и нејзина ревизија; Подготовка и спроведување на тендер за избор на изведувач; Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектот; Избор на стручен надзор; Координација и соработка со сите вклучени актери; Набљудување и мониторинг; Известување (тековно и завршно) и оценување.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остваруавње на општата цел е: учениците користат соодветни хигиенски средства и ги подобриле хигиенските и културните навики за користење на новиот санитарен јазол. Претпоставка на ниво на резултати е да училиштето го одржува санитарниот јазол и навремено ги обезбедува потребните хигиенски средства (тоалетна хартија, сапун, течност и опрема за чистење и сл).
Информации за проектот ќе се достават до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС, Општина Студеничани, Месна заедница с.Долно Количани, Министерството за образование и наука (секторот за капитални инвестиции), Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

МЦМС има одговорност за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ќе ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од општина Студеничани, ОУ Јордан Константинов-Џинот, МЗ с.Долно Количани, како и потребните надворешни актери (надзор, изведувач, стручни соработници и сл.).

Во текот на спроведување на проектите МЦМС ќе врши набљудување и мониторинг на проектните активности. За контрола на градбата ќе биде ангажиран стручен градежен надзор кој ќе обезбеди техничко контролирање на изведбата.

Известувањето ќе се одвива преку организациско и проектно известување.

Временскиот период на спроведување на проектот е од 08 март до 31 мај 2007 год.

Буџетот изнесува 1,452,015 МКД. Сите средства се донација на Сокотаб Франа Са од Швајцарија (www.socotab.com).

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми