Прекуграничен форум на граѓански организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прекуграничен форум на граѓански организации PDF Печати Е-пошта

Граѓанското општество во Република Македонија и Република Албанија се соочува со исти или слични слабости, проблеми и предизвици: слаб граѓански ангажман, средно или ограничено влијание, ниска доверба. Комуникацијата, координацијата и соработката на граѓанските организации од локално па до национално, регионално или меѓународно ниво преставува исто така е важен предизвик. Иако и македонските и албанските организации се релативно добро вмрежени во своите земји и на меѓународно ниво, не постои значителна соработка меѓу нив.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу ГО за прашања од заеднички интерес.

Целна група на проектот се граѓаните и граѓанските организации во југозападниот и полошкиот регион од Македонија, како и регионот на Дибер и Елбасан во Албанија. Проектот ќе се спроведува во пограничниот регион на Република Македонија со Република Албанија или поточно во југоизападниот и полошкиот регион од македонска страна и Дибер и Елбасан од албанска страна.

Очекувани резултати од проектот се: Подобрена размена на информации и комуникација меѓу граѓанските организации; Зголемен капацитет за вмрежување на граѓанските организации; Поголема информираност на јавноста и другите чинители за активностите на граѓанските организации во пограничниот регион; и Споделени искуства, идентификувани заеднички интереси и иницирани заеднички активности меѓу граѓанските организации од пограничниот регион.

Кон постигнувањето на резултатите ќе се придонесе со следните активности:

  1. Иницијативи за прекугранични мрежи и партнерства: Со цел да се воспостави и развие соработката меѓу граѓанските организации во пограничниот регион, ќе бидат организирани осум (8) дводневни состаноци за вмрежување и партнерство. Состаноците ќе се одржуваат во различни општини во пограничниот регион, а домаќини ќе бидат локални граѓански организации. Половина од состаноците (4) ќе бидат организирани во Македонија, а другата половина во Албанија. Се очекува да учествуваат по пет организации на секој од состаноците.
  2. Градење капацитети за партнерства и вмрежување: Обука и работилница ќе бидат организирани за зајакнување на капацитетот за вмрежување, соработка и партнерство на граѓанските организации од пограничниот регион. Обуката ќе има за цел и да ја подигне свесноста за важноста на вмрежувањето и партнерството. Учесниците од обуката, како и од партнерските состаноци ќе бидат поканети да учествуваат на работилницата, на која ќе се разговара за конкретни активности и партнерства меѓу организациите.
  3. Прекуграничен форум на граѓанско општество: НВО Саемот – Прекуграничен форум на граѓанското општество ќе трае три дена и ќе биде составен од изложбен дел, форумски расправи и социо-културни настани. Целта на изложбата ќе биде да им се овозможи на граѓанските организации да ги претстават своите. Се очекуваат приближно 80 граѓански организации од пограничниот регион да се претстават на изложбата, групирани според областа на дејствување. Форумот ќе овозможи дискусија за избраните приоритетни прашања (пр. сиромаштија, локален развој, корупција, невработеност), како и други прашања од интерес за граѓанското општество во пограничниот регион. Делумно форумот ќе се фокусира и на внатрешната соработка на граѓанските организации во целното подрачје и со другите чинители (пр. капацитет, ресурси, доверба итн.). Социо-културните настани ќе бидат организирани заради запознавање со културното и природното наследство на пограничниот регион, како и за збогатување на взаемното разбирање. Прекуграничниот форум ќе се одржи во Дебар.

Периодот на спроведување на проектот е 1 април 2011 г. – 31 март 2012 г.

Самиот пристап на проектот овозможува и бара вклучување на повеќе актери од двете земји. Акцентот на соработката ќе биде ставен на граѓанските организации и општините од пограничниот регион, кои ќе бидат поканувани по писмен пат да земат учество во активностите и ќе бидат консултирани за одредени прашања.

Информации за активностите на проектот ќе објавуваат редовно на веб-сајтот на МЦМС и ИДМ. По проценка на одговорниот соработник за односи со јавноста дел од информациите ќе се објавуваат и на другите сајтови или медиуми како соопштенија за јавноста или огласи. Ќе биде отпечатен и промотивен материјал.

Согласно договорот за поддршка на проектот ќе се применуваат барањата за видливост на Европската комисија.

Проектот ќе се спроведе во партнерство на МЦМС со Институтот за демократија и медијација од Албанија (ИДМ) и Еколошкото друштво „Дешат" од Дебар. Одговорен соработник за проектот е Даниела Стојанова од Одделението за граѓанско општество (ОГО). Во проектниот тим се вклучени и Марија Саздевски, помлад соработник во ОГО и Грамоз Шабани, соработник од групата за информации, соработник од ЕД „Дешат", како и други соработници.

Буџетот на проектот (директни трошоци) изнесува 2.232.500 денари. Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамките на втората компонента за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и МЦМС.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми