Кажи Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кажи Македонија PDF Печати Е-пошта

kazi-makedonijaОпшта цел на проектот беше да се придонесе за јакнење на граѓанскиот активизам и на свеста на граѓаните, јавните установи и на бизнис секторот за потребата од одржлив и динамичен граѓански сектор способен да одговори на предизвиците и приоритетите на домашната јавност.

Целта на проектот беше да се поттикне и да се организира широка јавна акција во насока на афирмација и официјална употреба на уставното име на Република Македонија на меѓународно ниво.

Додадена вредност на проектот беше можноста дел од предвидените активности да бидат искористени за мобилизација на средства од домашни извори (граѓани, бизнис и јавен сектор). Стекнатите искуства и контакти требаше да послужат како добра основа за планирање на идните активности на МЦМС за мобилизација на домашни фондови.

Целна група на проектот беше општата јавност во Македонија, т.е. граѓаните, медиумите, јавните установи и бизнис секторот.

Во рамките на проектот беа поттикнати и организирани кампањски активности кои им овозможија на македонските граѓани да го искажат сопствениот став во врска со (не)употребата на официјалното име на државата на меѓународно ниво. Активностите беа организирани и спроведени во соработка со поголем број граѓански организации, јавни установи, медиуми и фирми, со што се обезбеди масовна поддршка за акцијата.

Првиот дел од кампањата беше насочен кон Уредбата на Советот на Европа од 02.03.2004 година, што предвидуваше употреба на несоодветни називи за името на државата, граѓаните, како и за националната припадност, културата и јазикот на етничките Македонци. Во рамките на кампањата беа отпечатени и дистрибуирани 200,000 разгледници со пораката Кажи Македонија, со апел до граѓаните разгледниците да ги испратат до Советот на Европа во Стразбур или до локалната канцеларија на Советот во Скопје. Дистрибуцијата беше направена во соработка со водечките дневни весници во земјата, кои, исто така, обезбедија медиумско покривање и гласност на акцијата.

МЦМС, во соработка со широк круг организации, организираше јавно испраќање разгледници од Скопје и од другите градови во државата. Организаторите направија напори познати јавни личности да присуствуваат и со својот пример да поттикнат поголем одѕив на граѓаните. Едновремено, граѓаните имаа можност да го потпишат и протестното писмо подготвено од Институтот Евро Балкан и адресирано до Советот на Европа.

Во соработка со Македонската радио и телевизија (МТВ) и други медиуми и јавни установи, МЦМС и вклучените организации организираа концерт во Градскиот парк во Скопје, под мотото Кажи Македонија. Беа изготвени маички и беџови со истата порака, кои граѓаните можеа да ги купат, со што се обезбедија дополнителни средства за продолжување на акцијата. Концертот беше искористен за испраќање разгледници и за собирање потписи за поддршка на протестното писмо, како и за да се упати апел за употреба на уставното име на Македонија во Советот на Европа и во други меѓународни организации.

Кон крајот на годината, се организираше случен настан, на иницијатива од СОЖМ и со поддршка на ФИООМ, а по повод признавањето и употребата на уставното име на Република Македонија од страна на Соединетите Американски Држави.

Временскиот период на спроведување на проектот беше март - декември 2004 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Јакнење свест и кампањи Листа на кампањи