Адресар на општините во Република Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на општините во Република Македонија PDF Печати Е-пошта

Уредник: Димче Митрески
Дата: 2006 година
PDF:
adresar-na-opstini-vo-republika-makedonija-2006.pdf

Адресар на општините во Република МакедонијаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе години е активен во развојот на локалните капацитети како во граѓанскиот сектор, така и во локалната самоуправа. Одреден период овие активности не се допираа. Сега, соочени со големиот предизвик на децентрализацијата се повеќе се нагласува потребата од размена на искуства и заедничка акција.

Во 2002 година МЦМС во соработка со ЗЕЛС и Проектот за реформа на локалната самоуправа (ПРЛС) за прв пат го издаде Адресарот на единиците на локална самоуправа (ЕЛС). Ова издание беше несомнен успех и значително влијаеше на информираноста за самите општини. Со овој нов Адресар на единиците на локална самоуправа сакаме да го повториме претходното позитивно искуство.

Адресарот е наменет за подобрување на меѓусебната информираност и комуникација на општините како и информираноста и комуникацијата на општините со другите актери од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор.

МЦМС и ЗЕЛС успеаа да ги обезбедат податоците за сите општини, вклучително и градот Скопје. Ова подразбира опфатеност од 100% и ви овозможува да ги имате на едно место битните информации за сите 85 општини во Македонија.

Во Адресарот ги презентираме податоците за кои сметаме дека ќе придонесат кон подобрување на информираноста и комуникацијата. Тоа се податоци за Градоначалникот и Советот, како и нивните контакт податоци; основни податоци за општината; податоци за структурата на општината; локален економски развој или податоци за реализираните и планираните проекти и активности.

Адресарот на општини во Република Македонија нуди интересни информации за сите 84 општини и градот Скопје. На 246 страници, освен основните контакти презентирани се и демографските податоци, структурната поставеност на општината и податоците за институциите што се под ингеренција на општината.

Адресарот е издаден во хартиена копија на македонски, албански и англиски јазик. Податоците од Адресарот ќе бидат достапни и во електронска форма на ЦД и на веб-страниците на МЦМС www.mcms.org.mk , www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk, како и на веб-страницата на ЗЕЛС www.zels.org.mk.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации