Обуки и консултации на МЦМС |
Уредник: Гонце Јаковлеска Со оваа брошура ви ги презентираме аргументите зошто да го изберете МЦМС за партнер во вашиот професионален развој и градењето на капацитетите на вашата организација. Овде сакаме да ве запознаеме со нашата програма за обука и консултации развивана низ 13 годишното искуство во соработка со истакнати меѓународни консултантски компании. Повеќе од 4.600 учесници на нашите обуки и нивните организации веќе ги чувствуваат придобивките од подобрените раководни вештини, дизјанираните системи и процедури, развиените практики за набљудување, подобреното проектно и стратешко планирање, стекнатите фацилитаторски, презентациски и други вештини. Ние ви нудиме од 24 целосно развиени програми за обука. Покрај тоа нашиот тим од стручни и искусни консултанти е подготвен да подготви и спроведе програми специфично дизајнирани за вашите потреби. Целта на програмите за обука на МЦМС е да ги развива вештините и компетентностите на сите оние кои сметаат дека и после комплетирањето на формалното образование треба и понатаму да се едуцираат и да на напредуваат во кариерата учејќи според најдобрите меѓународно признаени методологии и од најуспешните локални практики. Нашите обуки покрај тоа што се дизајнирани да ги развиваат индивидуалните вештини на учесниците, ефективно се аплицираат и на организациско ниво овозможувајќи организациски развој и промени. |