Економски активности на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Економски активности на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Автори: Дејвид Мур, Катерина Хаџи-Мицева, Нилда Булаин, Емина Нурединоска
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-63-9
PDF:
ekonomski-aktivnosti-na-graganskite-organizacii-2007.pdf

Економски активности на граѓанските организацииПубликацијата „Економски активности на граѓанските организации” претставува преглед на можностите на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности во повеќе европски земји, како и постоечкото решение во Република Македонија.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како издавач на оваа публикација, е да ги пренесе позитивните искуства од европските земји во однос на значењето на економските активности како најзначаен извор за одржливост на граѓанскиот сектор. Наедно, публикацијата треба да послужи и како лобирачка алатка и основа за формулација на нови законски одредби за можноста за занимавање со економски активности на здруженијата на граѓани и фондациите.

Прегледот содржи два дела: Споредбена анализа на можноста за занимавање со економски активности за граѓанските организации во Европа подготвена од експерти од Европскиот центар за непрофитно право и од Меѓународниот центар за непрофитно право. Вториот дел, подготвен од експерт од МЦМС, содржи информација и коментар за постоечките одредби за економски активности регулирано со Законот за здруженија на граѓани и фондации и препораки за ново решение.

МЦМС ја издаде оваа публикација како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и наедно им се заблагодарувам на членките на ГПМ, кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на публикацијата.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации