Прирачник за менаџмент со човечки ресурси - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за менаџмент со човечки ресурси PDF Печати Е-пошта

Автори: Сунчица Саздовска, Валентина Чичева, Весна Димовска
Дата: 2008 година
ISBN: 978-9989-102-70-7
PDF:
priracnik-za-menadzment-so-covekovi-resursi-2008.pdf

Прирачник за менаџмент со човечки ресурсиПрирачникот Менаџмент на човечки ресурси е збир на теоретски и практични аспекти на раководењето и развојот на луѓето во една организација и нуди алатки кои се применуваат при овие процеси.

Прирачникот е подготвен за потребите на проектот програма за градење капацитети 2008 и е наменет за организации партнери на ОБСЕ и други граѓански организации.

Граѓанските организации ангажираат волонтери и вработени (во помала мера). Во Македонија, на пример, во 858 организации членуваат вкупно 31.394 волонтери, а процените пак за вработените во граѓанските организации во Македонија се движат до околу 1.500 лица . Без оглед на тоа дали станува збор за вработени или волонтери, очигледно е дека граѓанските организации мобилизираат значаен човечки капитал за кој мораат да се погрижат соодветно да се развива и мотивира. За таа цел е потребно да се почитуваат основните концепти за Менаџментот со човечки ресурси кои се валидни за секоја организација. Па, така е потребно да се внимава на тоа вистинските луѓе да бидат ангажирани на вистинско место, да им се овозможи да се прилагодат на организацијата, на нејзините системи, процедури, вредности и култура, да им се понуди можност да стекнуваат нови знаења и вештини, нивниот труд да биде оценет и вреднуван на фер начин, да се воспостават системи кои ќе овозможат тие да бидат мотивирани и да уживаат во својата работа и на крајот да им се овозможи да „пораснат“ и да ја „надраснат“ организацијата за да бидат нејзини пријатели и лобисти на други места и позиции.

Прирачникот е сублимат на материјали кои Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги користи во своите обуки за Раководење со човечки ресурси, збогатени со теоретски аспекти од признаени светски автори во оваа област и осврт на практични работи кои се битни и карактеристични за граѓанските организации.

Прирачникот ги презентира основните фази и елементи во менаџментот и развојот на човечките ресурси: регрутација и избор, методи на избор на персоналот, воведување и функционирање на персоналот, развој на персоналот низ обука, менторство, менаџмент и оценка на учинокот, системи за оценка, 360 степени повратна информација, мотивирање, наградување и системи за наградување. Во прирачникот се вклучени и конкретни примери, формулари, прашалници и насоки кои можат практично да бидат искористени со нивно прилагодување на потребите на секоја поединечна организација.

Се надевам дека прирачникот ќе им биде од полза на сите оние организации кои се подготвени да го поместат својот фокус од краткорочно кон долгорочно размислување, од размислување главно во проектна рамка кон посеопфатно размислување за својата организација и развојот на најголемата нејзина вредност - луѓето.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации