Студија со компаративен преглед на вклученост на граѓанското општество во процесот на ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција (УНКАК) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студија со компаративен преглед на вклученост на граѓанското општество во процесот на ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција (УНКАК) PDF Печати Е-пошта

Aвтори: Билјана Спасовска, Снежана Камиловска Трповска
Дата: мај 2019
PDF MK: studija-so-komparativen-pregled.pdf
PDF EN: comparative-review-study.pdf

studija so komparativen pregledЦелта на оваа студија со компаративен преглед на улогата и вклученоста на граѓанските организации (ГО) во процесот на ревидирање на УНКАК од земјите во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска) е да се направи увид на најдобрите практики и научените лекции. Студијата дава преглед на процесите на вклученост на граѓанското општество во првиот и вториот циклус на ревизија на UNCAC, од првата фаза на вклученост на ГО во подготовката на листата за проверка за само-процена до издавање на целиот извештај за ревизија на земјата, а особено лекциите научени од првиот циклус и чекорите преземени (доколку ги има) за време на вториот циклус на ревизија.

Студијата дава основа за циклусот на ревизија на УНКАК и нејзиното значење за регионот, дава преглед на институционалната рамка за борба против корупција и за вклученоста на целокупното граѓанско општество и подетално ја разгледува вклученоста на граѓанското општество во првиот и вториот циклус на ревизија на UNCAC. Студијата завршува со препораки за научените лекции за државите и Конференцијата на државите потписнички

Студијата е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската Унија.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации