Поимот Граѓанско содружништво - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поимот Граѓанско содружништво PDF Печати Е-пошта

Автор: Готје Пирот
Превод: Ило Трајковски
Дата: јули 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-65-6
PDFpoimot-gragjansko-sodruzhnishtvo.pdf

gragansko-sodruznistvoОваа книга има за цел да даде некои насоки за разбирање на овој поим и некои негови современи употреби. Граѓанското содружништво често се определува низ неколку помалку или повеќе прецизни разлики. Тоа се разликува како од државата, така и од пазарот, од црквата или од војничкото содружништво. Овие разлики фрлааат само малку светлост врз дефиницијата на специфичноста на тој простор и неговите социјални чинители. Тие кажуваат дека тој не е држава. Во оваа перспектива која граѓанското содружништво го поврзува со идејата за контра-моќ, тоа не треба да се поистовети ни со владата ни со нејзината управа. Како различно од државата, граѓанското содружништво би можело да се помеша се пошироката сфера на политиката. Него денес му се припишуваат значајни вредности, на пример како потенцијален резервоар  на политички елити или како олеснувач на јавното регулирање. Интересот за граѓанското содружништво  денес е дел од преоценувањето на односите меѓу граѓанинот и државата, на политичката моќ на обичниот човек (Lаgrée, 2004). 

Концепцијата за граѓанското содружништво како трет сектор него го разликува не само од државата туку и од пазарот. Но, односите помеѓу граѓанското содружништво и сферата на економијата се исто така сложени како и помеѓу граѓанското содружништво и политичката сфера. На пример, непрофитните здруженија кои го анимираат тој трет сектор (значи здруженијата според законот од 1901г), иако по дефиниција не настојуваат да акумулираат капитал како нивен профит, понекогаш се моќни и влијателни  економски оператори..

Граѓанското содружништво, исто така, се разликува од религиското содружништво. Граѓанското содружништво претставува свет на лаици кои својот живот го водат надвор од религиските институции. Но, и покрај тоа, врските меѓу граѓанското содружништво и религиските институции, движења и организации се конфузни, без оглед на верувањето. На крајот, граѓанското содружништво не е војничкото содружништво. Во овој случај, тоа опфаќа се што не носи воена униформа, значи црквата, владата и пазарот, кои инаку се исклучени од граѓанското содружништво. 

И додека бројот на претстави за граѓанското содружништво се зголемува и придонесува за раѓање на конкретни социјални и политички појави (консултативни општински совети со новите НВО сектори во земјите од Југот), истражувачите се прашуваат: која е таа видлива врска меѓу граѓанското содружништво и функционирањето на демократските режими? Дали се мешаат поимите јавен простор и граѓанско содружништво? Дали навистина, од времето на падот на авторитарните режиме на Југот и на Истокот, сведочиме за будење на граѓанското содружништво во рамките на процесите на повеќестраната транзиција? И, пред сé, дали постојат граѓански содружништва надвор од западниот свет каде што обидите за негова концептуализација беа најплодни? Дали е уште една грешка одважноста да се зборува за глобализирано граѓанско содружништво?

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации