Јавното мислење за аферата прислушување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавното мислење за аферата прислушување PDF Печати Е-пошта

Автори: Јован Близнаковски, Миша Поповиќ
Дата: март 2015 година
ISBN 978-608-4775-06-5
PDF:  javno-mislenje-prislushuvanje-032015.pdf

javnoto-mislenje-za-aferata-prislushkuvanjeИнститутот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со телевизија Телма започнаа серија на истражувања на јавното мислење за актуелни политички теми. Темата на ова теренско истражување беше јавното мислење по повод објавувањето на снимки од прислушувани разговори помеѓу видни јавни личности од партиите на власта, опозицијата, медиумски работници и членовите на правосудните органи.

Испитувањето на јавното мислење беше направено во периодот 19 февруари и 2 март 2015 година на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници со методот „лице в лице“. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект од Скопје.

Примерокот е репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Дополнително, сите резултати се урамнотежени (пондерирани) според мината историја на гласање на испитаниците за да се обезбеди политички репрезентативен примерок како стандардна пракса во светот за справување со понискиот одѕив на одредени гласачи на анкетни истражувања.

Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,1%.

Во извештајот се презентирани ставовите на граѓаните за загрозувањето на приватноста, кој прислушувал, решенијата за кризата; и за влијанието на кризата врз економската ситуација.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации