По 15 години транзиција – Од стабилизација кон граѓанско учество |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: Сашо Клековски, Горан Булдиоски, Фатмир Битиќи, Емина Нурединоска, Наташа Габер-Дамјановска, Келменд Зајази, Сунчица Саздовска, Билјана Герасимовска-Китановска
Индексот на граѓанското општество на Цивикус (ИГО) е акциско-истражувачки проект што цели кон проценка на состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот, со намера да обезбеди основно познавање и да даде придонес на иницијативите за јакнење на граѓанското општество. ИГО е инициран и се спроведува од и за граѓанските организации. Со настојување да ги комбинира проценката, јавната расправа и заедничката акција, ИГО има намера да придонесе кон постојаната дебата како истражувањето може да ја информира јавноста и властите. ИГО е интерактивна проценка на потребите и проект за планирање активности што произлегуваат од проценката на состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот. Општи цели на ИГО се: зајакнување на граѓанското општество и зголемување на неговата одржливост; и, зајакнување на учеството на граѓанското општество во позитивните општествени промени. ИГО собира и споделува корисни и релевантни информации за состојбата на граѓанското општество и го зголемува капацитетот и посветеноста на учесниците во зајакнувањето на граѓанското општество. Истражувањето се спроведува преку проценка на структурата на граѓанското општество, на околината во која дејствува, на вредностите кои ги промовира и практикува, како и на влијанието кое го прави. За наодите од истражувачката компонента засновани на гореспомнатите четири димензии се дискутираше и тие беа потврдени на националната работилница, во која беа вклучени различни учесници во граѓанското општество, претставувајќи ги сите сектори. Учесниците на оваа работилница ги идентификуваа јачината и слабостите на граѓанското општество и дадоа препораки како да се зајакне истото. Меѓународниот проектен тим на Цивикус обезбеди обука, техничка помош и контрола на квалитетот за НКО за време на спроведувањето на ИГО. |