Јавниот интерес и граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавниот интерес и граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Автори: Дејвид Мур, Катерина Хаџи-Мицева, Нилда Булаин, Емина Нурединоска
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-62-2
PDF:
javniot-interes-i-graganskite-organizacii-2007.pdf

Јавниот интерес и граѓанските организацииПубликацијата „Јавниот интерес и граѓанските организации” претставува преглед на статусот на јавниот интерес во повеќе европски земји, како и преглед на домашното законодавство кое го регулира јавниот интерес.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како издавач на оваа публикација е да го приближи концептот на јавен интерес и организации со статус од јавен интерес во Република Македонија врз основа на долгогодишните искуства и позитивните практики од повеќе земји од Европа. Наедно, публикацијата треба да послужи и како лобирачка алатка и основа за формулација на нови законски одредби за статусот од јавен интерес за здруженијата на граѓани и фондациите, што ќе значи создавање подобри можности за нивна одржливост.

Прегледот содржи два дела: „Споредбен преглед на статусот на јавен интерес во Европа” подготвен од експерти од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и од Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ), како и „Преглед на статусот на јавен интерес во Република Македонија” (преглед на пет домашни закони кои содржат одредби за јавен интерес).

МЦМС ја издаде оваа публикација како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и наедно им се заблагодарувам на членките на ГПМ, кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на публикацијата.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања