Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста PDF Печати Е-пошта

Автори: Александар Кржаловски
Дата: Јули 2012
PDF:  zaedno-za-evroatlantskata-perspektiva-podeleni-za-posvetenosta.pdf

zaedno-za-evroatlantskata-perspektiva-podeleni-za-posvetenostaМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) во јули 2012 г. спроведоа истражување за ставовите на граѓаните за надворешната политика на Република Македонија и односите со Европската Унија (ЕУ), што се состои од прашања кои сеоднесуваат на стратешката ориентација на Македонија во надворешната политика и постигнувањата на Владата на тој план, како и на процесот на интеграцијата во Европската Унија. Истражувањето е спроведено со теренска анкета – лице во лице во домаќинствата од 19 до 26 јули 2012 г. на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возрасти место на живеење. Теренската анкетата ја спроведе Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС). Сите резултати од ова истражување се подложни на статистичка грешка од 2,45 %.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања