Граѓански практики бр. 3 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански практики бр. 3 PDF Печати Е-пошта

Автори: Елена Ташкова, Тихомир Каранфилов, Славко Саздовски, м-р Благоја Трајкоски и Анифа Демирова
Дата: 2004 година
PDF:
graganski-praktiki-br.3.pdf

„Образованието на Ромите во Македонија“

Граѓански практики бр. 3Со изборот на оваа носечка тема сакавме да дадеме придонес во дебатата за образовните проблеми на Ромите и за можностите за разрешување. Избраните написи ги содржат видувањата на авторите за образовната состојба и проблеми на Ромите во Македонија, но и нивните предлози за можни решенија и за подобрување на состојбата. Авторите направиле напори своите ставови да ги аргументираат со релевантни статистички податоци, од кои дел се резултат на нивниот личен ангажман на ова поле.

Секако, како и при секоја отворена и демократска дебата, видувањата, оценките и ставовите на авторите се различни. Токму искажаните разлики, се надеваме, ќе придонесат за квалитетно и сериозно разгледување на различните аспекти на разгледуваното прашање.

Интеграцијата на Ромите е голем предизвик пред македонското општество и држава и ќе бара широка општествена мобилизација и акција. Достигнувањето на европските стандарди и вредности нема да биде можно доколку во општеството не се обезбедат услови за рамноправен пристап за сите. За таа цел ќе биде потребна цврста и функционална соработка помеѓу јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор (вклучувајќи ги и медиумите).

Како и досега, граѓанскиот сектор, особено ромските граѓански организации, ќе треба да игра активна улога и максимално да ги користат расположливите ресурси за подобрување на образовната состојба на Ромите во Македонија.

Притоа, граѓанските организации ќе мора с$ повеќе своето работење да го базираат на студии и истражувања и внимателно да ги документираат и јавно да ги презентираат резултатите на нивниот ангажман. Меѓу другото, ова издание на “Граѓански практики” претставува осврт на искуствата на граѓанските организации и своевидна оценка од различни автори на досегашните резултати.

Изданиево е скромна честитка на МЦМС до ромската заедница во Македонија по повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите.

Празникот сакаме да го честитаме со мотото на минатогодишната прослава: Сите сме едно. Честит 8 Април!

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Граѓански практики