Македонски општествени вредности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски општествени вредности PDF Печати Е-пошта

Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски и Даниела Стојанова
Дата: мај 2011 година
ISBN: 978-608-4617-20-4
PDF:   makedonski-opstestveni-vrednosti.pdf

Македонски општествени вредностиВо овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Македонски општествени вредности“, која се спроведе за прв пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија. Дел од прашањата од оваа анкета беа поставени во 2007 и 2008 т.е. 2009 г. во рамките на анкетите за довербата и општествената одговорност на граѓаните.

Целта на истражувањето беше да се испитаат ставовите на граѓаните за битните прашања кои влијаат на социокултурниот контекст во кој делува граѓанското општество.

За исполнување на целите на истражувањето, со прашалникот беа опфатени следните варијабли: Вредности; Слобода и еднаквост; Ненасилство; Солидарност; Демократија; Толеранција и почит кон други култури; Однос кон природата; Однос кон традиционалните/секуларни вредности; Социо-демографски карактеристики.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ѝ ја довери анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на Агенцијата Рејтинг, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата. Анкетата беше спроведена во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.066 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации