Информативни изданија за меѓурелигиска соработка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни изданија за меѓурелигиска соработка PDF Печати Е-пошта

Целта на проектот беше да се интензивира размената на информации помеѓу верските заедници и јавноста воопшто, да се промовира меѓуверскиот дијалог и да се воспостават меѓусебни контакти.

Информативни изданија за меѓурелигиска соработкаЦелна група беа членовите на верските заедници, како и општата јавност. Преку проектот беше планирано издавање на два броја од Билтенот за меѓурелигиска соработка (на македонски и албански јазик); издавање на Адресар на верските заедници на македонски, албански и англиски јазик и издавање на публикацијата Исламот на Балканот.

Во рамките на проектот издадени се два броја од Билтенот за меѓурелигиска соработка. Првиот број е издаден во април, додека пак вториот број е издаден во јуни 2008 година. Двата бројa се публикувани на македонски јазик (500 примероци) и на албански јазик (300 примероци). Билтените се дистрибуирани до членовите на верските заедници,  граѓанските организации, медиуми итн.

Претставниците на верските заедници земаа активно учество во креирањето на Билтените.

Покрај публикувањето на Билтенот за меѓурелигиска соработка во рамките на овој проект беше публикувано изданието Исламот на Балканот на македонски јазик. Изданието даде осврт кон улогата и поврзаноста помеѓу исламот и политиката во земјите на Балканот. Изданието е публикувано во 500 примероци.

Кон крајот на проектот издаден е Адресарот на верските заедници на македонски (500 примероци), албански (300 примероци) и на англиски јазик (300 примероци). Адресарот е дистрибуиран до верските заедници, граѓанските организации, влада, парламент, медиуми и универзитети. Издавањето на Адресарот беше пролонгирано од причини што заклучно со новиот Закон за правната положба на цркви, верски зедници и религиозни групи, црквите, верските заедници и религиозните групи требаше да се пререгистрираат во единствениот судски регистар на Цркви, Верски заедници и Религиозни групи кој го води Основниот Суд Скопје 2.

Имено црквите, верските заедници и религиозните групи кои заклучно со 1998 година биле регистрирани од надлежниот орган за работите помеѓу верските заедници и државата, го задржуваат својот правен субјективитет и статус и автоматски влегуваат во регистарот, додека пак верските заедници регистрирани по 1998 година, подлежат на повторна регистрација. Бидејќи новиот Адресар на верските заедници се најде во овој меѓупериод, тој ги опфати само 18-те веќе регистрирани верски заедници, додека пак останатите не се вклучени вклучени, бидејќи нивните предмети се сеуште се разгледуваат.

Извршно резиме од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашите цели Прифатена културна разноличност