Интернет присуство на граѓанските организации во Република Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интернет присуство на граѓанските организации во Република Македонија PDF Печати Е-пошта

Aвтор: Слободан Јаќоски, Борис Ристовски
Дата: Септември, 2017 година
PDF: internet-prisustvo-na-graganskite-organizacii-vo-makedonija-2017.pdf

internet prisustvo na graganskite organizacii vo makedonijaРазвојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него. Интернетот, односно глобалната мрежа ја олеснува и забрзува комуникацијата, ги прави достапни информациите и ги зголемува можностите за нејзините корисници. Бројот на корисници на Интернет во Македонија расте секој ден, а со тоа расте и бројот на креирани веб-сајтови како и популарноста и употребата на социјалните медиуми.

Во последните две декади, граѓанските организации ги препознаа можностите на Интернетот и социјалните медиуми и со нивната употреба тие ја добиваат поддршката, информираат за своите активности, ја подигаат свеста, мобилизираат волонтери и успеваат да допрат до пошироката јавност. Креирањето веб-сајтови им ја зголемува видливоста кај нивните целни групи, им овозможува да ги промовираат своите резултати и да ги споделат своите искуства за нивната работа. Бројот на онлајн алатки кои можат да ги употребуваат граѓанските организации е огромен. Најголем дел од алатките се бесплатни, но тоа не значи дека нема потреба за нивна употреба да се инвестира време и знаење.

Социјалните медиуми се добра почетна точка за градење на видливоста на граѓанските организации бидејќи се едноставни за користење и бараат минимално управување со ресурсите. Со користење на каналите на социјалните медиуми, ГОсе во можност да се инволвираат и комуницираат со своите целни публики, а исто така и да сретнат и да се вмрежат со други организации кои работат на слични полиња.

Со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во поглед на нивната видливост во јавноста, Македонската канцеларија на ТАКСО и Ресурсниот центар на ТАКСО - Македонски центар за меѓународна соработка организираа неколку работилници и обуки за Интернет присуство на граѓанските организации. ТАКСО придонесе за градење на капацитетите на ГО преку учење како да ги користат социјалните медиуми со цел да ја зголемат својата видливост и да ја споделат својата мисија со широката јавност и да ја промовираат работата која ја извршуваат преку развој на серија на видео обуки за тоа како да користат разни канали на социјални медиуми.

Покрај обуките, постои потреба од публикација која ќе ја прикаже моменталната состојба во граѓанскиот сектор, која би се користела како прирачник со кој граѓанскиот сектор би ја оцениле нивната пракса и да ги одредат следните чекори кои ќе им помогнат да го подобрат нивното Интернет присуство.

Извештајот за Интернет присуството на граѓанските органзиации во Македонија претставува продукт кој ќе ја прикаже моменталната состојба во граѓанскиот сектор, кој ќе помогне во подобро разбирање на тоа како организациите ги користат онлајн технологиите за комуникација со својата публика. Воедно, оваа публикација може да користи како прирачник за организациите да проверат какво е нивното моментално интернет присуство, дали во нешто се добри, дали нешто може да се подобри и што може да е следната работа која може да ја направат за го подобрат нивното Интернет присуство. Веруваме дека наодите, заклучоците и препораките од оваа анализа ќе најдат практична примена во секојдневната работа на граѓанските организации.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашите цели Прифатена културна разноличност