Јелмаз Дервиши - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јелмаз Дервиши PDF Печати Е-пошта

Јелмаз ДервишиЈелмаз Дервиши, Соработник на проекти
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3065 381

Роден е на 29.06.1985г. во Тетово. Дипломира комуникациски студии на Факултетот за комуникациски науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во моментов е во завршен процес на постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии во Скопје на програмата за Mенаџирање на стратегиски комуникации.

Во 2010 Јелмаз се вработува во националната ТВ Алсат-М како уредник на забавно- културната редакција, каде до 2015г. е автор, водител и уредник на повеќе емисии и ТВ концепти. Неговата кариера ја продолжува во областа на менаџмент и малопродажба во неколку приватни компании каде работи од 2015-2018. Подоцна се вклучува во проектот на Националниот младински совет на Македонија – МЛАДИХАБ во улога на комуникациски координатор. Паралелно, Јелмаз работи како креативен директор, тренер за социјален танц театар и форум театар со деца и млади каде досега има соработувано со многу граѓански организации во земјава и Балканот.

Од ноември 2019г. е соработник во рамки на Програмата за поддршка на граѓанското општество “Цивика Мобилитас„ каде што е одговорен за мониторинг и евалуација.

LinkedInhttps://www.linkedin.com/in/jellmaz-dervishi-b7896280/

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Извршна канцеларија