Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

rbmБалканска мрежа за развој на граѓанското општество се разви од Мрежата за градење на капацитети, што беше започната во 2000 година како дел од Екуменското партнерство за Југоисточна Европа на Светскиот совет на црквите (WCC SEEEP).

Оваа програма е базирана на идентификацијата на потребите на сите вклучени партнерски организации и е основа за планот за акција на мрежата за периодот 2004-2006 година. Таа е надградба на претходното искуство меѓу партнерските организации и нивното успешно спроведување на претходната тригодишна програма. Мрежата е базирана на партнерство меѓу организации кои споделуваат заедничка визија и мисија и имаат слични потреби и ресурси за градење капацитети. Секретаријатот на мрежата работи во рамките на Македонскит центар за меѓународна соработка (МЦМС) во Скопје.

Општата цел е зајакнување на капацитетите и соработката во граѓанското општество преку развој на домашни концепти, практики и јакнење на актерите на граѓанското општество на Балканот. Цел на програмата е да ги зголеми индивидуалните и организациски капацитети на релевантните НВО од Балканот и нивната соработка. Главни задачи се: да се подобри/посредува финансиската ограниченост на НВО, преку подобрени вештини и зна¬ења за мобилизацијата на ресурсите и поддршката; да се зголеми преку граничната и преку секторската соработка; да се подобри квалитетот на стандардите, вештините и знаењата меѓу НВО.

Програмата развива пакет на услуги потребни за зајакнување на третиот сектор и за зајакнување на неговите вештини и улога при обезбедување на услуги за неговите корисници. Пакетите се состојат од различни активности, меѓу кои: скроени обуки, меѓусебни посети, консултации/инструкции, теренски посети, работилници, вмрежување и размена на информации. Експертски области се: вмрежување, застапување и лобирање, обезбедување на фондови, мобилизација на ресурси и поддршка, кодекс на однесување и поставуање на стандарди, управување со НВОи, стратешко планирање, институционален развој, организациско јакнење, интеркултурно учење, и родовата улога во развојот.

Тековен извештај од програмата.

Проекти:

Завршени проекти:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество - извршно резиме