Истражување на улогата на граѓанското општество во процес на евроинтеграции - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражување на улогата на граѓанското општество во процес на евроинтеграции PDF Печати Е-пошта

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрежа на 14 граѓански организации од земјите на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Романија, Словенија и Србија, вклучително и Косово).

Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење капацитети меѓу членки и останатите партнери во Југоисточна Европа (ЈИЕ). МЦМС раководи со програмата РБМ и е Секретаријат на мрежата.

Целта на овој проект е да придонесе кон зајакнување на улога на граѓанското општество во процесот на евроинтеграции.

Целна група се членките на мрежата (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AIDRom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), како и други релевантни граѓански организации и јавноста.

Очекувани резултати се: Подобрено разбирање на потребите на граѓанското општество во евроинтеграцискиот процес и подобрена соработка со засегнати страни во истиот.
Активности преку кои ќе се спроведе проектот се: пополнување на прашалник, организација на национални тркалезни маси за негова консултација и изготвување на извештај.

Извештајот ќе биде промовиран преку регионална работилница во Брисел. Прашалникот се состои од три дела и има за цел да собере информации и со тоа да ја мери состојбата во партнерските земји (со фокус на земји од Западен Балкан) во два параметри: финансиската поддршка на ЕУ за развој на граѓанското општество во секоја од земјите и вклученоста на граѓанските организации во одлучувањето за процесот на евроинтеграции (програмирање на ЕУ помош, извештај за напредок, итн.).

Врз база на наодите ќе се организираат национални тркалезни маси. Тие ќе ги соберат претставниците на ГО, на државната администрација и на ЕК за да дебатираат за наодите и донесат препораки. Наодите и препораките ќе бидат потоа презентирани во национални извештаи и објавени како заеднички, регионален извештај. Тој ќе вклучува и заеднички, регионални наоди и препораки.

Извештајот ќе биде објавен во рамките на периодична публикација на мрежата - Балкански граѓански практики (бр.6) на 50 страни и на три локални (албански, македонски, српски) и на англиски јазик. Извештајот ќе биде презентиран на дводневна студиска посета во Брисел, на која ќе учествуваат по два претставници на партнерски организации.

МЦМС како Секретаријат на мрежата ќе биде одговорен за пополнување на прашалникот за Македонија, организирање национална дебата како и подготовка на регионален извештај и организација на студиската посета. Членките на мрежата ќе бидат одговорни за пополнување на прашалникот и организирањето дебата на национално ниво. АПРОДЕВ ќе даде поддршка (експертска и финансиска) за реализација на посетата.

Проектот ќе се спроведе во периодот од 20 јуни - 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се:

Има интерес и подготвеност од страна на партнерите и другите ГО да го пополнат прашалникот и учествуваат во дебатите;
Партнерите и ГО имаат експертиза, можат да воспостават контакти со Делегациите на ЕК/ЕАР и националните власти за да обезбедат пристап до потребните информации; и
ЕК е отворена за соработка и посета.

Ќе се реализираа соработка со релевантните актери на национално и ЕУ ниво. За пополнување на прашалникот ќе бидат воспоставени контакти со делегациите на ЕК/ЕАР како и со канцелариите за соработка со ГО и слични национални тела/институции со цел да се обезбедат целосни информации од сите релевантни актери. Тие така ќе бидат поканети и да учествуваат на тркалезните маси. На ЕУ ниво, ќе биде остварена соработка со претставниците на ЕК и европските мрежи/институции кои работат на иста или слична проблематика како на пример CONCORD, APRODEV, ECAS, OSI, KBF.

Ова активност произлезе како инцијатива на членките на четвртиот состанок на БЦСДН Управувачката група во 2007. г. Тоа е прв пат мрежата да планира активност во областа застапување и лобирање. Наодите и препораките од извештајот ќе се користат како проценка на потреби на ГО во процес на евроинтеграции во процес на стратешко планирање на мрежата за нареден период и со тоа ќе претставуваа основа за активности на мрежата во иднина.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Истражување на улогата на граѓанското општество во процес на евроинтеграции