Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Отворена порта |
Отворена порта е една од партнерите на ОБСЕ која работи во областа на трговија со луѓе. Двете главни интервенции кои се спроведуваат од страна на Отворена порта се Проект за прифатилиште на жртви на насилство и СОС линијата за помош. Дополнително на обезбедените фондови за покривење на спроведувачките активности, обезбедена е поддршка за мерки за градење на капацитетите кои треба да бидат спроведени во 2007 година. На крајот на 2006 година МЦМС (партнер на ОБСЕ за градење на капацитетите) спроведе проценка на капацитетите на Отворена порта и даде план за градење на истите. Во рамката на овој проект се спроведе интензивна програма за градење на капацитетите на Отворена порта. Истата беше заснована на идентификуваните потреби во проценката и предложениот план за градење на капацитетите предложен од страна на МЦМС, како и на потребите кои произлегоа со завршувањето на поддршката во име на поддржувачите на двата најголеми проекти на организацијата. Општа цел на проектот беше да придонесе кон подобрување капацитетите кои ќе овозможат одржливост на главните активности на Отворена порта: Проект за прифатилиште на жртви на насилство и СОС линија за помош. Целна група на проектот беше персоналот на граѓанската организација Отворена порта, Скопје. Очекувани резултати на проектот беа: подобрени / ревидирани системи и процедури за Раководење со проектен циклус; подобрени / ревидирани системи и процедури за административно работење, финансиско управување и управување со канцеларијата; развиена среднорочна стратегија на Отворена порта која ќе ги покрие перспективите на носечките проектни интервении: Проект за прифатилиште на жртви на насилство и СОС линија за помош, како и сопствениот организациски развој како предуслов за обезбедување на континуитет и одржливост на сопствените активности и подобрено знаење и вештини на персоналот на Отворена порта во РПЦ, административно работење, управување со човечки ресурси, застапување и лобирање, мобилизирање на локалните ресурси и градење на мрежи и партнерства. Во рамките на проектот се реализираа следниве активности: Раководење со проектен циклус – прва фаза (обука низ работа/менторство); Раководење со проектен циклус-втора фаза (обука низ работа/менторство); Административно работење, финансиски и други системи и процедури – прва фаза обука низ работа / менторство; Административно работење, финансиски и други системи и процедури – втора фаза обука низ работа / менторство; Обука за стратешко планирање; Обука за раководење со човечки ресурси; Обука за застапување и лобирање; Обука за финансиска одржливост и мобилизација на локални ресурси; Обука за вмрежување и партнерство. МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на програмата. Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од ОБСЕ како и од сопствени средства од програмата ОРР. Временскиот период на спроведување беше 15 април – 15 октомври 2007 година. Буџетот изнесува 264.177,00 МКД (директни трошоци).
|