Луѓе од граѓанскиот сектор |
![]() |
![]() |
![]() |
Уредник: Гонце Јаковлеска
Целта на објавувањето на публикацијата е да ја подобри информираноста на граѓанските организации, но и на другите субјекти за ресурсните лица од граѓанскиот сектор. Граѓанските организации ќе добијат алатка што ќе им помогне лесно да се снаоѓаат кога им се потребни експерти и обучувачи или координација со истакнати активисти или лидери на граѓански организации. Во публикацијата се презентирани профилите на 71 лидер, активисти, волонтери, обучувачи, консултанти, експерти и други ресурсни лица од граѓанскиот сектор. Сметавме дека ова се категориите коишто ги препознаваат луѓето во граѓанскиот сектор и во коишто можат да се распределат сите човечки ресурси. Податоците за луѓето вклучуваат податоци за контакт и информации за нивните јазични вештини, за претходните активности, за областите на експертиза итн. Публикацијата е издадена во печатена верзија на македонски јазик. На македонски, но и на англиски јазик, ќе биде достапна електронска верзија на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk и на www.civicworld.org.mk. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на сите што се пријавија и изразија желба да бидат дел од оваа публикација, на членовите на Комисијата за селекција и на сите други учесници во подготовката на ова издание.
|