Потенцијалот на Македонија за вклучување во развојна соработка: моментална состојба - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потенцијалот на Македонија за вклучување во развојна соработка: моментална состојба PDF Печати Е-пошта

Автор: Симона Огненовска
Дата: ноември 2017 г.
ISBN: 978-608-4681-86-1
PDF MK: potencijalot-na-makedonija-za-vkluchuvanje-vo-razvojna-sorabotka-momentalna-sostojba.pdf
PDF ENG: macedonias-potential-to-engage-in-development-cooperation-the-state-of-affairs.pdf

Potencijalot na Makedonija za vkluchuvanje vo razvojna sorabotka momentalna sostojbaМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е посветен на подигање на свеста, вмрежување и градење на капацитетите за вклученост на силно и активно граѓанско општество во создавање квалитетни развојни и хуманитарни политики во Македонија. Во соработка со ТРИАЛОГ, МЦМС уште од 2006 година прави напори да ги мобилизира и поддржи граѓанските организации да работат заедно кон подигање на свеста на национално ниво во однос на развојната соработка, потребата од образование за развој и вклученост во глобалната агенда за развој.

Македонија е на пат да стане земја-членка на Европската Унија. Членството ќе бара премин од земја-примател на странска помош во земја-донатор со цел да даде придонес во глобалниот развој преку финансиски и нефинансиски ресурси. За да ја исполни оваа комплексна задача, политиките за развојна соработка и хумаинитарна помош ќе треба да бидат стратешки планирани, координирани, спроведени и следени преку вклучување на сите клучни чинители, меѓу кои и ГО.

Целта на оваа публикација е да ги истражи предизвиците како на владата така и на граѓанските организации кои го определуваат потенцијалот на владата да се вклучи во развојна соработка во партнерство со граѓанскиот сектор. Овој документ се заснова на Студијата на ТРИАЛОГ за Македонија (2012) од Емилија Нунари. Документот се состои од шест дела: преглед на политичката и социо-економската состојба во Македонија; односите меѓу ЕУ и Македонија и тековниот процес на пристапување и нивото на подготвеност на земјата од аспект на развојна политика и хуманитарна помош; Македонија како примател на официјална развојна помош; потенцијалот на ГО да станат партнери на државата во развојна соработка; и на крајот се дадени заклучоци и препораки.

Официјалната развојна помош (ОДА) којашто Македонија ја добива значително е зголемена од 2012 година (214 милиони УСД во 2015 год.), по години на стабилно опаѓање, и таа се наоѓа меѓу првите десет земји кои се приматели (8 место). ЕУ е главниот донатор и скоро половина (44%) од ОДА се доделува на друга социјална инфраструктура и услуги. СЕП е клучната институција за координација на помошта, но сепак таа на својата веб-страница не обезбедува ажурирани информации за ефектите на пристапот на координацијата, ниту пак повеќе детали за целите и опфатот на добиената странска помош од други донатори, покрај ЕУ. Македонија досега нема постигнато напредок кон законско усогласување и структура за развојни политики согласно поглавје 30 од правото на ЕУ во областа на хуманитарна и развојна политика. Во 2010 година се формира Одделението за хуманитарна и развојна помош во рамките на МНР со двајца вработени како одговорни за неговите активности и кое во моментот не е функционално. Согласно НПАА, треба да се реализираат детални активности до 2018 година, меѓу кои и интензивирана соработка со граѓанскиот сектор.

Недостатокот на вклученост на граѓанското општество во полето на развојна соработка во Македонија главно е резултат на стагнацијата на процесот на интеграција во ЕУ. Покрај тоа, недостасува значајна вклученост на ГО во процесите на локализација на Целите за одржлив развој.

Публикацијата е подготвена во рамки на регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ од Албанија. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развојна соработка и членките на Хоризонт3000.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Потенцијалот на Македонија за вклучување во развојна соработка: моментална состојба