Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт - извршно резиме |
![]() |
![]() |
![]() |
Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот се граѓанските организации и донаторите. Директни корисници се граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје се земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот е Скопје. Очекувани резултати од проектот се: Препораки за насоки, механизми и показатели за поддршка на ГО во ситуации на конфликт засновани на Истанбулските принципи. Проектот ќе се спроведе преку следните активности: а) Регионална тематска консултација: Целите на регионалната тематска консултација се:
На работилницата ќе бидат поканети околу дваесет претставници на граѓански организации, кои имаат искуство со работа во ситуации на конфликт од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Работилницата ќе биде дводневна и ќе се организира на 28 февруари – 1 март 2011 г. во Скопје. МЦМС е одговорен за организација и фасилитација на работилницата. БЦСДН е одговорен за координација на регионалното учество. б) Студија за ефективноста на ГО во ситуации на конфликт: По одржувањето на работилницата Цивикус ќе спроведе он-лајн анкета и телефонски интервјуа со поголем број релевантни граѓански организации за да придонесе кон постигнувањето на целите на работилницата. МЦМС и БЦСДН ќе ги идентификуваат организациите – учесници во студијата, а ќе обезбедат и нивни контакти и по потреба превод на прашалникот. Периодот на спроведување е од 15 февруари до 29 април 2011 г . Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Постои интерес за учество во регионалната тематска консултација и студија; Во активностите учествуваат релевантни граѓански организации; Учесниците се подготвени за размена на искуство и расправа, како и за дефинирање препораки за ефективност на развојната помош за ГО во ситуации на конфликт. Информации за активностите на проектот ќе се објават на веб-страниците на МЦМС и БЦСДН. Работилницата ќе биде најавена со соопштение за јавноста, а доколку постои интерес од страна на медиумите ќе бидат обезбедени изјави од учесниците. Цивикус, МЦМС и БЦСДН се одговорни за спроведување на проектот. Погоре се наведени конкретните одговорности на партнерите. Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС. Одговорна за проектот е Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите ќе бидат вклучени повеќе соработници. Раководителот на Одделението за граѓанско општество ќе ја надгледува целокупната работа. Одборот на директори ќе учествува во насочување и советување во врска со спроведувањето на проектот. Проектот е сложен. Буџетот на проектот изнесува 705.000 денари. Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Проектот ќе биде финансиран од Цивикус.
|