Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор PDF Печати Е-пошта

Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (Стратегијата) усвоена во 2007 г. претставува водечка рамка за политиката на државата за соработка и поддршка на граѓанскиот сектор. Со тоа нејзиното доследно и навремено спроведување е битно за обезбедувањето поволна правна и фискална рамка за граѓанските организации (ГО) и нивна одржливост. МЦМС редовно го следи спроведувањето на Стратегијата.

Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на ГО. Цел на проектот беше поволни политики и овозможувачка правна средина за ГО. Целна група на проектот беа ГО и органите на државна управа (ОДУ). Директни корисници беа ГО и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Проектот се спроведе во Република Македонија (РМ), а активностите се реализираа во Скопје и други градови.

Очекуваните резултати од проектот се остварија: Утврден е напредок на спроведувањето на Стратегијата и се придонесе кон транспарентноста и отчетноста во процесот на спроведување на Стратегијата и другите владини политики.

Планираните активности во проектот делумно се изменија, заради тоа што во рамките на проектот на Европската Унија „Техничка поддршка на Секторот за анализа на политиките и координација – Одделение за соработка со невладините организации" беше предвидена слична активност. Поточно, спроведувачите проектот на ЕУ, Хула и хуман динамикс (ХХД) и Институтот за консултации за проекти (ИКП), упатија покана за ангажирање на МЦМС за подготовка на извештај за спроведувањето на Стратегијата. МЦМС реши да ја прифати поканата бидејќи подготвениот извештај во рамките на проектот на ЕУ ќе треба да биде усвоен од страна на Владата на РМ, а и за да се избегне поклопување на активностите (подготовка на извештај и организација на јавни расправи).

Во втората половина на 2010 г. се подготви извештај за спроведувањето на Стратегијата врз основа на достапните извештаи на Владата и други информации за спроведување на стратегијата. Нацрт-извештајот беше презентиран и расправан на две фокус-групи со ГО и државни службеници, кои се одржаа во ноември во Скопје. Во декември се одржаа и четири јавни расправи за предлог- извештајот во Скопје, Гостивар, Велес и Струмица. Преку овој ангажман се реализираа во најголем дел планираните активности со проектот. Нема да биде отпечатен извештај за спроведувањето на Стратегијата, со оглед дека истиот ќе претставува документ усвоен од Владата на РМ. Извештајот за спроведувањето на Стратегијата го подготви и го презентираше на фокус-групите и јавните расправи Емина Нурединоска. Одговорниот соработник за проектот, Даниела Стојанова учествуваше на фокус-групата за граѓанските организации.

Проектот се спроведе во периодот од 1 март до 30 декември 2010 г .

Претпоставките целосно се остварија т.е. постоеше интерес кај Одделението и ГО за расправа за напредокот на спроведувањето на Стратегијата; и подготвеност кај институциите за споделување информации. Планираните ризици не се остварија. МЦМС соработуваше со Одделението за соработка со НВО и ГС на Владата на РМ, но и со останатите релевантни организации и институции. МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот. Проектот беше помалку сложен. Проектот немаше директни трошоци.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор