Обука за управување со предмети |
Вторник, 30 ноември 2010 15:17 | |||
МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, за вработените во Ромските информативни центри при Министерството за труд и социјална политика на 23 и 24 ноември ја одржа обуката Управување со предмети и административна работа. На обуката присуствуваа 16 учесници од Ромските информативни центри во Битола, Гостивар, Делчево, Куманово, Прилеп, Скопје, Тетово и од Штип. Учесниците на обуката имаа можност да слушнат за приемот и комуникацијата со странките, односно техниките за комуникација како што е активното слушање и повратната информација, и за основите на административното работење и постапување со документацијата. Практична работа низ вежби имаа и на двете теми. „Обуката беше корисна за нас“, вели Тефик Џемаилоски, од Ромскиот информативен центар од Прилеп. „Во иднина секако дека ќе ги користиме вештините што ги научивме. Една од најкорисните работи беше подготовката на Прашалник за потребите на граѓаните. Работевме во групи и дадовме три предлози. Унифицираниот прашалник што би го користеле сите би ни ја олеснил работата и на нас и на МТСП за да ги добие информациите кои му се потребни“, додава Џемаилоски. Обуката е креирана на основа на проценката за капацитетите на Ромските информативни центри направена од страна на ОБСЕ и МТСП. Обуката ја спроведе Валентина Чичева, обучувач на МЦМС.
|