Oбука за јавно – приватно партнерство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Oбука за јавно – приватно партнерство PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 ноември 2010 15:49

На 18 ноември 2010 година, во хотелот „Милениум“ во Битола, се одржа обуката: Правни и организациски аспекти на јавно-приватно партнерство (ЈПП) како еден од столбовите за реализацијата на развојот на Република Македонија.

Oбука за јавно – приватно партнерство

Целта беше да ги обезбеди почетните информации и терминологија од областа јавно-приватно партнерство. На обуката присуствуваа 54 претставници од јавниот и приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион.

На присутните им се обрати градоначалникот на Битола, Владимир Талески. „Доаѓа време во коешто, со процесот на децентрализација, се зголемуваат и можностите за јавно-приватно партнерство. Денешнава средба е многу важна. Од неа очекуваме предлози и за други форми на здружување, кои ќе бидат од  интересот пред се на граѓаните“, рече тој.

„Ние, како општина Ресен сме заинтересирани за ЈПП. Нашата сметка е блокирана веќе 18 месеци не сме во состојба сами да инвестираме и градиме. Интересот го гледаме во можноста за соработка со бизнис партнери во проекти кои би биле од интерес и за општината и за партнерите. Затоа и присуствуваме на денешната обука“, истакна Никола Гештаковски, раководител на ЛЕР од Ресен.

Обуката ја спроведоа Мирослав Трајановски и Јане Вртески. Обучувачите ги обезбеди МЦМС.

Ова е втора обука во рамките на проектот Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Oбука за јавно – приватно партнерство