Партиципативни практики во буџетирањето во Албанија |
E diel, 28 mars 2010 00:00 | |||
МЦМС и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, од 7 до 9 април оваа година организираат студиска посета „Партиципативно буџетирање“ во Тирана, Албанија. Во посетата ќе учествуваат пратеници од Собранието на РМ, од Владата на РМ, министерствата, локалната самоуправа и претставници од граѓански организации. Учесниците ќе се запознаат со процесот на подготовка на буџетот во Албанија, со локалните буџетски политики и децентрализацијата на Министерството за внатрешни работи, ќе се сретнат со претставници на парламентарните комисии и со претставници на други организации. Посетата е дел од програмата „Добро управување во Македонија“ во која е предвидено јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за транспарентен и партиципативен процес на подготовка на државниот буџет. Таквиот буџет треба да ги одрази општествените приоритети и да ја јакнење свеста и капацитетите на граѓаните за одговорност и партиципација.
|