Општествена одговорност на граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општествена одговорност на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 јануари 2008 01:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 јануари 2008 година, во 11 часот, во Клубот на новинари ќе го промовира извештајот од истражувањето за Општествената одговорност на граѓаните.

Извештајот ја анализира одговорноста за општествените прашања, јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози.

Според извештајот мнозинството граѓани (52,9%) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби, а постои висока согласност (92,1 %) дека нов развој, вработување и оспособување на граѓаните се решение за проблемите и новиот развој. Граѓаните имаат мала перцепција за сопствената граѓанска одговорност и учество (партиципација).

Сите наоди и анализата ќе бидат презентирани на промоцијата на извештајот.

За повеќе информации за настанот можете да се обратите до Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста во МЦМС; Тел: 02/3065-381, 070/252-081 е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Општествена одговорност на граѓаните