Општествена одговорност на граѓаните - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општествена одговорност на граѓаните PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 28 janar 2008 01:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 јануари 2008 година, во 11 часот, во Клубот на новинари ќе го промовира извештајот од истражувањето за Општествената одговорност на граѓаните.

Извештајот ја анализира одговорноста за општествените прашања, јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози.

Според извештајот мнозинството граѓани (52,9%) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби, а постои висока согласност (92,1 %) дека нов развој, вработување и оспособување на граѓаните се решение за проблемите и новиот развој. Граѓаните имаат мала перцепција за сопствената граѓанска одговорност и учество (партиципација).

Сите наоди и анализата ќе бидат презентирани на промоцијата на извештајот.

За повеќе информации за настанот можете да се обратите до Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста во МЦМС; Тел: 02/3065-381, 070/252-081 е-пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Општествена одговорност на граѓаните