“Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија“ - компаративна анализа |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 10 Февруари 2009 14:38 | |||
Автор: Ебен Фридман
Компаративната анализа ги содржи клучните делови од докторската теза според избор на авторот. Опфатени се делови за Словачка и за Македонија, за општата состојба на Ромите, политиката на владата и ромската стратегија за справување со проблемите. Со издавањето на компаративната анализа се постигнуваат две цели. Првата е согледување на состојбата со ксенофобијата, почитување на разликите и толеранцијата во Македонија, и тоа на случај на „мало” малцинство. Ова е важно од аспект на градење мултикултурно, а не моно или бикултурно општество. Втората е придонесот во градење „национална стратегија” за справување со проблемите на Ромите и во пресрет на Ромската декада 2005-2015. Корисноста е зголемена со можноста за споредба (со Словачка) и со фактот дека авторот е независен и непристрасен набљудувач. МЦМС има надеж дека оваа анализа ќе биде поттик и за други, пред се за домашни студии и анализи за мултикултурата, малите малцинства и Ромите во Македонија.
|