Директорите на ЕБРД се сретнаа со неколку граѓански организации |
Понеделник, 16 ноември 2009 12:04 | |||
Во рамките на својата посета на Македонија, делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на 12.11.2009 година се сретна со претставници на граѓанските организации. На средбата учествува Македонка Димитрова, Македонски центар за енергетска ефикасност, Ана Јаневска Делевска, Транспарентност Македонија, Сашо Клековски, МЦМС и Ана Чоловиќ Лесоска, Еко-сенс. На средбата се разговараше за општата економска и политичка состојба, енергијата, за малите и средни претпријатија и за екологијата. Сашо Клековски се осврна на подобрувањето на околината за мали и средни претпријатија, потребата од финансиска поддршка, регионалниот и локалниот развој и комуналните услуги.
|