Промовирани Граѓанските информатори во Велес |
Понеделник, 09 ноември 2009 13:05 | |||
Денес во Велес беа промовирани Граѓански информатори за услуги, кои треба да обезбедат пристап на граѓаните до информации за услугите. Промоцијата беше дел од одбележувањето на 9 ноември и 65 години слободен Велес. Граѓанските информатори ги промовираа Славчо Чадиев, Претседател на Советот на општина Велес и Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС. „Велес, градот на македонските дејци, е најдобра илустрација дека луѓето се најголемото богатство на Велес и Македонија. За развој на тоа богатство, луѓето, потребно е да се употребат и развиваат нивните способности и отвореност и да се вклучуваат во општествените текови. Граѓанските информатори се еден мал дел од мозаикот за отворен и транспарентен Велес. Со тоа Велес продолжува да биде град пример“, рече Клековски. Граѓанските информатори се дел од Граѓанскиот сервисен центар, кој веќе две години работи во рамките на општина Велес. Оваа активност на Велес ја поддржа МЦМС.
|