Јакнење на триаголникот: граѓански организации – национални влади – Европска комисија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на триаголникот: граѓански организации – национални влади – Европска комисија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 октомври 2009 09:22

Претставниците на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 19 и 20 октомври 2009 година, во Задар, Република Хрватска, учествуваа на годишната конференција за напредокот на граѓанскиот дијалог во западен Балкан и Турција.

Јакнење на триаголникот: граѓански организации – национални влади – Европска комисија

Извештаите покажуваат напредок во некои од земјите (Црна Гора и Србија), за сите, финансиската одржливост е главниот предизвик.

Во дискусијата на панелите посветени на поддршката на ЕУ на граѓанското општество преку проектот „Поддршка на граѓанското општество“ (Civil Society Facility) претставниците на граѓанските организации ја отворија дискусијата со Европската комисија и консултантите кои работат на техничката поддршка на спомнатиот проект. Тие го изразија своето незадоволство од општите правила за финансирање на ЕК како и од посебниот модел за поддршка што го применува ЕК во западен Балкан и Турција. Граѓанските организации се соочуваат со многу тешкотии во аплицирањето за фондовите на ЕУ што е многу демотивирачко бидејќи бара висока експертиза и инвестирање во пари и време што голем дел од нив не можат да си го дозволат.

Конференцијата ја организираше Европскиот сервис за граѓанска акција (ЕКАС) од Брисел и Националната фондација за развој на граѓанското општество (НЦСДФ) од Хрватска.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Јакнење на триаголникот: граѓански организации – национални влади – Европска комисија